Неделен хороскоп од 24 до 30 јануари: Време е да почнеме да се фокусираме на иднината!

Неделен хороскоп од 24 до 30 јануари: Време е да почнеме да се фокусираме на иднината!

Прочитајте како ѕвездите и планетите ќе му влијаат на секој хороскопски знак оваа недела, почнувајќи од 24 јануари.

Неделен хороскоп од 24 до 30 јануари: Време е да почнеме да се фокусираме на иднината!

Овен

Оваа недела како што вашиот планетарен владетел Марс лека-полека влегува во Јарец, вие ќе се чувствувате сè поодлучни. Сепак, не дејствувајте импулсивно иако понекогаш ќе бидете доведени во искушение. Искористете го периодот за подготовка на вашиот главен план за наредната недела да можете успешно да се справите со некои од најголемите предизвици за оваа година.

Бик

Во изминатите неколку недели интензивно се занимававте со интроспекција, но оваа недела ќе го означи крајот на овој процес. Венера и Меркур ќе ви помогнат да ги интегрирате сите искуства и сето знаење кои ги стекнавте во текот на неделата. Тоа пак, може да ви помогне да ги најдете одговорите по кои трагавте досега и да си поставите јасни цели во животот.

Близнаци

Ви претстои успешна недела бидејќи Меркур, вашиот планетарен владетел, влегува во Јарец во ретроградно движење. Тоа ќе ви даде можност за пресврт во случај некоја идеја или проект да не се реализирал целосно. Меркур ќе ви помогне и да го откриете методичниот пристап за да ги направите нештата на правилен начин.

Рак

Напорот што го вложувате во вашите односи со другите се чини како никогаш да не е доволен и затоа оваа недела ќе се чувствувате под притисок. Но, и покрај сè, обидете се да останете смирени и со насмевка на лицето. Обидете се да нурнете подлабоко и да ги откриете некои од најчувствителните точки на врската. Патем, се работи за секаков вид врски, не само за романтични.

Лав

Како што Марс влегува во вашата шеста куќа на работа и секојдневна рутина, ќе се стекнете со голема енергија. Меѓутоа, бидејќи планетите сè уште ќе бидат во ретроградно движење, доволно е да не избрзувате однапред со вашите потези. Наместо тоа, направете план за како да ги реализирате вашите цели и лека-полека почнете храбро да чекорите напред.

Девица

Како што Марс влегува во Јарец ќе бидете принудени повторно да му се навратите на некој стар проект или на некоја ситуација. Сепак, сега вашиот метод за решавање на оваа ситуација ќе добие позабавен карактер, а тоа се должи на универзумот кој ве порачува да внесете повеќе креативност во вашиот живот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар