Најзаборавените хороскопски знаци во Зодијакот

Најзаборавените хороскопски знаци во Зодијакот

Како ќе ги препознаете овие знаци? Тоа се тие што постојано треба да направат нешто но едноставно не можат да се сетат што. Или пак, оние што ги препознаваат лицата на луѓето што ги знаат, но им ги забораваат имињата. Како што старееме, така сè почесто забораваме, но постојат и одредени хороскопски знаци што се посклони на заборавеност од другите. Погледнете за кои станува збор…

Риби

Секогаш кога ќе излезат од својот дом тие имаат чувство како да заборавиле нешто, а најчесто станува збор за ситници како очила за сонце, крема за сончање или мобилен телефон. Тогаш почнуваат со реконструкција на своите мисли и своите постапки со цел да ги пронајдат на пример, клучевите, што случајно ги ставиле во фрижидерот или документите кои некако завршиле во тоалетот. Рибите поминуваат толку многу време во својот имагинарен свет, поради што често забораваат на практичните аспекти од животот. Па, тие забораваат да стават гориво, но детално ги знаат сите ликови од сериите.

Близнаци

Заборавноста кај Близнаците е најчеста последица на изложеноста на многу податоци. Наместо да го отфрлат неважното и да ги ослободат мозочните вијуги, тие секојдневно се трупаат со обврски. Редовно се борат со потсетувањето на сите оние нешта што треба да ги направат, а кога конечно ќе се сетат што треба, веќе е доцна. Во работниот свет се склони и на заборавање рокови.

Водолија

Тие се креативни и секогаш наоѓаат решенија за проблемите и спремни се да прифатат иновации. Со оглед на тоа дека главата им е преполна со бројки, теории и информации, лесно го пропуштаат тоа што им е пред нос. Тие забораваат на секојдневните рутински обврски, како вадењето алишта од машината за перење. Исто така ги препознаваат лицата на луѓето со кои се сретнуваат, но слабо ги помнат нивните имиња. Од друга страна пак, памтат многу поважни нешта.

Овен

Овните водат активен социјален живот се бават со разни активности, па затоа и не треба да се чудат што понекогаш мозокот им „смрзнува“. Иако често ги запишуваат обврските и активностите, понекогаш забораваат да го купат тоа што им требало од маркетот. Тие често на сила се обидуваат да се сетат што заборавиле, но сијалицата им светнува на главата во истиот момент кога ќе престанат да се обидуваат. Кога ќе се сетат, тие почнуваат да превртуваат со очите затоа што не можат да разберат како не можеле да се сетат на толку едноставно нешто.

Дознајте и кои се 3-те хороскопски знаци што можете да ги прочитате како отворена книга.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар