Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци за време на првата млада Месечина во јануари?

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци за време на првата млада Месечина во јануари?

Почетокот на годината можеби беше помалку продуктивен и енергичен отколку што се надевавте, бидејќи Меркур и Марс беа во ретроградна фаза. Сепак, планетите сега се движат директно сè до 20 април 2023 година.

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци за време на првата млада Месечина во јануари?

Во сабота на 21 јануари нè очекува првата млада Месечина во знакот Водолија која ќе ве поттикне да започнете нова животна етапа и нова приказна. Тоа ќе ви донесе можност да му се посветите на она што го сакате во деновите што доаѓаат. Подгответе се за нови промени и желба да се ослободите од одреден пат – било тоа да е врска или нездрава навика. Во продолжение прочитајте кои 6 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во текот на овој период.

Близнаци

Ве очекува поволен период на работа. Можно е да добиете нов извор на приходи или бонуси.

Рак

Младата Месечина на 21 јануари ќе ви помогне да ја подобрите вашата финансиска состојба. Можете да размислувате за патување или преуредување на домот. Сепак, немојте да претерувате и обидете се да заштедите и за полошите денови.

Лав

Ве очекува ново познанство што може да доведе до почеток на нова љубовна врска. Сепак, бидете внимателни – имајте доверба, но и внимавајте кому ќе му го подарите вашето срце.

Вага

Ќе имате можност да сретнете некого кого долго време не сте го виделе, а вашата средба ќе биде полна со убави емоции и навраќања кон заедничките спомени. Освен тоа, вашите најблиски ќе ви споделат убава вест.

Скорпија

Астролозите ви предвидуваат патување, најверојатно со саканата личност. Ќе имате можност да се забавувате, но и да се одморите од секојдневните обврски.

Стрелец

На 21 јануари ќе дознаете убави вести во однос на остварувањето на вашите цели. Покрај тоа, ќе имате можност да ги решите семејните конфликти и да ги подобрите односите со роднините.

Откако прочитавте кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кој хороскопски знак го очекува најмногу среќа во љубовта во 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар