Како ќе ни влијае првата млада Месечина во 2023 година?

Како ќе ни влијае првата млада Месечина во 2023 година?

Првата млада Месечина во 2023 година нè очекува на 21 јануари во знакот Водолија. Астролозите истакнуваат дека ова е добро време за да си ги поставите вашите цели. На тој начин ќе знаете на што треба да се фокусирате и кои ќе бидат вашите приоритети.

Како ќе ни влијае првата млада Месечина во 2023 година?

Иако оваа млада Месечина во Водолија носи свежина и енергија кои ќе ви помогнат да им ставите крај на одредени нејаснотии од минатото, треба да бидете нежни со себе и да не си вршите голем притисок. Бидете трпеливи и внимателно чекорете кон целта.

Ако сакате да ја искористите оваа свежа енергија можеби ќе сакате да преземете поотворен пристап. Наместо да бидете конкретни со вашите намери и визија според точните сценарија во вашата глава, размислете за тоа како сакате да се чувствувате. Како сакате да се чувствувате кога се будите секое утро?

Направете список со три емоции што би сакале да ги почувствувате во сиот тој процес, а потоа најдете начини да ги внесете тие чувства во вашата секојдневна рутина, дури и ако тоа е само еден мал дел од големата сложувалка. Забележете кога овие чувства природно се појавуваат. Бидете благодарни за нив и набљудувајте како се множат во вашиот живот.

Животот не се одвива секогаш онака како што ние посакуваме, но можеме да го контролираме нашиот пристап кон работите. Станува збор за нашите избори, а младата Месечина во Водолија е тука да нè потсети дека ја поседуваме оваа моќ.

Ќе сакате да одите напред и да ги завршите работите. Но, дајте си малку простор и чекорете со вашето темпо. Запомнете дека притисокот и стресот можат само негативно да ви влијаат, па затоа фокусирајте се на вашите цели, но обидете се истовремено и да уживате во малите нешта кои ве прават среќни.

Откако прочитавте за влијанието на првата млада Месечина во 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во првата половина на 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар