Како Бикот може да стане подобар партнер во врската?

Како Бикот може да стане подобар партнер во врската?

Ако сте Бик во хороскоп постои голема веројатност дека сте неизмерни во давањето љубов, но исто така дека вашата поддршка и помош кои му ги давате на партнерот може да делуваат загушувачки. Научете како да постигнете баланс во врската, а започнете со тоа што подобро ќе се проанализирате себеси.

Како Бикот може да стане подобар партнер во врската?

Вие се однесувате ладно и формално со оние што пробуваат да ви се доближат, па дури и во случаите кога сте во подолга врска. Премногу се пазите и не дозволувате никому да влезе во вашиот внатрешен свет. Мислите дека ако го направите тоа, ќе му овозможите некому да ве повреди. Вистина е дека најдобро се поврзувате преку допир, но длабоко во себе сте безнадежен романтичар кој копнее да се поврзе со некого емотивно. Вашата врска нема да го достигне тоа ниво додека не ги срушите вашите лични ѕидови. Дозволете му на партнерот да ја види вашата нежна душа. Покажете му што има позади тој страв од емотивна интимност и ранливост. Имате големо срце, но лесно го затворате, па затоа може да ги пропуштите добрите работи.

Потребно ви е многу време за да го дадете вашето срце некому, но кога ќе го направите тоа вие сте грижлив, дарежлив и пожртвуван партнер. Вие сте еден од најдоверливите партнери во Зодијакот. Премногу сакате да му помогнете на партнерот на кој било начин и да му овозможите сè што ќе посака. Го правите тоа без задршка, без разлика дали се работи за физичка или материјална помош или пак за емотивна поддршка, затоа што имате вродена потреба да бидете некому потребни. Но, гледајте вашата добрина да не биде сфатена како слабост затоа што може брзо да се почувствувате нелагодно и искористено. Може и да го одбиете партнерот со вашата добродушност (ако претходно не го загушите со вашето однесување).

Како и да е, понекогаш очекувате нешто за возврат за вложениот труд и слатките романтични гестови. Дали вашата дарежливост произлегува од нескротливата потреба да давате? Или затоа што сакате нешто да добиете? Не ја давајте љубовта како нешто безначајно и не ризикувајте партнерот да се посомнева во искреноста на вашето срце во иднина.

Најчесто манипулирате затоа што не можете да се одделите од вашата визија за себе дека сте совршени. Престанете да го контролирате секој аспект од вашата врска. Мислите дека на тој начин ќе ја зачувате, но грешите. Престанете да бидете толку доминантни заради стравот од загуба на емотивната стабилност која врската ви ја дава. На тој начин правите вашиот партнер да се чувствува контролирано и го оттурнувате од себе. Ако не олабавите, тоа ќе стане токсично. Оставете ги работите природно да течат. Вашата врска не е диктатура. Слушајте го вашиот партнер и разберете го него и неговите потреби. Престанете да размислувате за тоа што може да добиете од вашата врска и почнете да размислувате што ви треба на двајцата. Не се врзувајте со условите, на тој начин пропуштате прекрасно емотивно патување со вашиот сакан.

Научете да правите компромис и откажете се од тоа секогаш да биде по ваше. Вашиот партнер нема намера да ве навреди кога ќе ви се спротивстави. Навикнете се и на одбивање и признајте кога не сте во право. Силен Бик сте, па затоа искористете ја вашата сила да се извините за вашите грешки и простете ги тие на партнерот.

Премногу сте љубоморни и го третирате партнерот како ваша сопственост или како награда што сте ја добиле. Вашата посесивност загушува, па затоа верувајте му повеќе. Оставете му простор и овозможете му и тој да донесува сопствени одлуки во и надвор од врската. Вашиот страв од напуштање е неоснован. Ако му оставите простор на партнерот за да му недостигате така и ќе биде. Тој нема нигде да замине и тоа треба да го прифатите.

Се нервирате кога се чувствувате како да не ве слушаат, но тоа го криете. Трпите додека не избувнете или едноставно го напуштате партнерот. Не кажувајте навредливи зборови кога сте лути или повредени. Смирете се. Немојте да се оддалечувате или да го збунувате партнерот. Споделете ги чувствата пред да станат работите сериозни.

Излезете од вашата комфорна зона. Мразите промени, се држите до вашата рутина, но на вашата врска ѝ требаат нови искуства. Не заглавувајте во рутина и размрдајте ги нештата со тоа што нема да се сфаќате себеси премногу сериозно.

Осудата на секого околу вас не е ваша работа, но некако вие тоа секогаш го правите. Престанете да му судите на вашиот сакан, бидете слободоумни и сфатете дека работите не се секогаш црно-бели. Прифаќајте ги неговите ставови и верувања дури и кога не се како вашите.

Вие сте проникливи и може да ги откриете тајните на другите. Подоцна тоа го користите во ваша одбрана ако затреба, дури и кога се работи за нешто што го повредува другиот. Не ја издавајте довербата на партнерот на тој начин затоа што така тој ќе се затвори и нема да ви кажува сè.

Ако себеанализита ви ги повреди чувствата, можеби ќе се разведрите ако продолжите со читање за 7-те причини поради кој е добро секој да има Бик во својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар