Зошто треба да го оставите момчето кое ветува?

Зошто треба да го оставите момчето кое ветува?

Се заљубуваме во нешто што ќе го видиме во него, а тоа обично е потенцијалот, кој тој никогаш нема да го развие. Ние гледаме дека може, сите гледаат дека тој има нешто во себе, но нему тоа му е доволно – добро му служи за да ги освојува жените, да стекнува пријателства, да биде симпатичен и мил…

1-zoshto-treba-da-go-ostavite-momcheto-koe-vetuva-www.kafepauza.mk_

Тој потенцијал, тој талент, таа енергија, остануваат такви какви што се, необработени, недокажани, закржлавени – а тој е единствениот кој не го гледа тоа. На него му е добро, удобно. И тука е крајот на неговиот домет. Можеби тој има прекрасни соништа и многубројни идеи, но нема ниту малку волја и истрајност за да ги реализира.

Тој постојано бара нешто големо и сите оние кои се сомневаат во него еден ден ќе видат дека тој успеал во тоа. Но, еден по еден, деновите минуваат и момчето кое ветува и понатаму замислува дека ќе дојдат неговите пет минути и не забележува дека одамна не е момче.

Едно е сигурно – еден ден ќе сфатите дека вашето момче пука во празно и дека залудно го охрабрувате и верувате во неговиот потенцијал. Него не му е потребна вашата поддршка, бидејќи тоа е уште една комфорна зона, поради која не помислува да се тргне од неа.

Тоа не значи дека ќе постигнете многу ако го третирате како куче кое треба да се издресира и да се спрема за изложба, но сепак многу мажи почесто реагираат на дресура отколку на поддршка. Момчето кое ветува не верува во своите ветувања. Тој само си игра.

Тој најверојатно е многу привлечен, забавен и паметен, многу талентиран и тотално без фокус и идеја што да прави со својот живот. Ќе го препознаете по тоа што има пет резервни варијанти, а тоа значи дека во првата, која е негов приоритет во овој момент, не дал сè од себе. Иако тој никогаш нема да признае, тој се познава себеси. Знае дека мора да има пет варијанти за да се чувствува дека работи на нешто големо, а исто така знае дека ниту една од нив нема да успее и ќе го изгуби интересот веднаш после првиот неуспех и нема да стигне до петтата варијанта за можен успех.

2-zoshto-treba-da-go-ostavite-momcheto-koe-vetuva-www.kafepauza.mk_

Тој е програмиран да успева само половично, да дава само себично (сè додека нему му создава задоволство) и да се оддалечува од вас сè повеќе, доколку започнувате да го запознавате сè подобро и често ја изразувате својата загриженост и го излагате своето разочарување во врска со неговиот потенцијал.

Момчето кое ветува одвај добило некоја самосвест и веднаш штом започнало да се чувствува добро, нешто во него заклучило дека тој постигнал сè што му е потребно и треба да се држи само до тоа.

Тој ги залажува сите околу себе, но единствено успева да се залаже самиот себе.

Ако останете со момчето кое ветува некое време, година, две, три, совршено ќе забележите како се зголемува просторот помеѓу вас, затоа што вие одите нанапред, се менувате, учите, созревате, ги постигнувате своите цели и поставувате нови, додека тој останува таму каде што бил кога сте се сретнале. Вие не може да го вложите во него, она што тој самиот не го вложува во себе. Може да се обидете, а тогаш совршено ќе сфатите зошто не можете да му помогнете да го развие својот потенцијал!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар