Зошто отворената врска не е добра за вас?

Отворената врска стана синоним за однос во кој едната страна покажува грижа и внимание, додека пак другата не води сметка за туѓите чувства. Ќе признаете дека тоа и не е баш „врска“, затоа што за таа да постои е потребно активно учество на двете страни, а не искористување на едната заљубена личност од страна на другата, која нема никакви емоции. Кога некој веќе ќе пуштите да влезе во вашиот живот, тоа значи дека се приврзувате за него и дека во вас почнуваат да се раѓаат топли чувства кон таа личност. Во отворените врски ова го прави само едната страна, затоа што другата нема емоционален одговор, а оној кој вложува во тие односи секогаш останува повреден.

Зошто не е добра отворената врска?

За да се биде во отворена врска, потребно е и двајцата да се сложуваат околу тоа дека нивниот однос не е моногамен и дека и двајцата има некоја друга комбинација оставена на страна, па и покрај тоа, на крајот на денот тие се враќаат еден на друг. Но, во денешно време отворените врски не се такви. Во нив нема никакви гаранции дека партнерот на крајот сепак ќе ви се врати. Тој е слободен да доаѓа и да си оди секогаш кога ќе посака, односно, онолку колку вие му дозволувате. Тука не може да се каже дека станува збор за врска. Во таквата „врска“ личноста која чека никогаш нема мир и секогаш размислува за онаа другата страна што упорно лаже. Каде е? Со кој е? Што прави? Сите овие прашања се извор на континуирана анксиозност. Во такви односи, заљубената страна не може да одолее да не се спореди себеси со другите, постојано прашувајќи се што имаат другите жени да му понудат на „нејзиниот“ маж, а што таа не може. Секако, ќе се согласите дека ова и не е баш најздрав начин на живот. Отворената врска секогаш води до скршено срце, затоа што во неа љубовта никогаш не е возвратена на оној кој сака и поради кој таквата врска воопшто постои.

По периодот на запознавање доаѓа момент кога ќе посакате да ја видите само таа личност, па никој повеќе не можете да сакате. А кога ќе предложите да бидете во искрена врска со него, тука веќе настанува проблем затоа што другата страна тоа го одбива. Дури излегува дека вие лажете, зашто од почетокот сте се согласиле за секс без обврски, додека пак потоа сакате да ја комплицирате ситуацијата. За кратко време ќе станете личност која седи дома и плаче со телефонот во рака, чекајќи да ви се јави, да одговори на пораката и да сака да дојде. Затоа, отворената врска не е добра ниту за почеток.

Зошто не е добра отворената врска?

Најчесто започнува од стравот од поврзување, страв да не бидете погрешно сфатени… А завршува со скршено срце и солзи во очите, затоа што се покажало дека другата страна не сака ништо сериозно. Вашиот план е едноставно да се забавувате, не мислејќи на наредниот ден, но ви се мешаат емоциите кои ви уништуваат сѐ. Штом се појави љубовта, отворената врска е осудена на пропаст, а губи оној кој дозволил своето срце да не биде од камен.

Веќе споменавме дека она што денес се подразбира под отворена врска, всушност и не е врска. За да постои таа потребно е интимност, сигурност, почитување, љубов и обврски. Кога ќе го има ова, прашањето кое треба да го разрешите со партнерот е дали таквата врска ќе биде сексуално моногамна. Меѓутоа, во модерните отворени врски ги нема ниту овие основни елементи…


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар