Зошто не треба да им ги кажувате вашите цели и соништа на другите?

Работите кои ги споделуваме со другите имаат директно влијание на нашите животи. Најдобриот начин да ја избегнеме негативноста во нашите врски, цели, планови или општо во животот, е да внимаваме што споделуваме со другите.

zoshto-ne-treba-da-im-gi-kazhuvate-vashite-sonishta-na-drugite-kafepauza.mk

Ако вашите планови си ги чувате за себе, полесно ќе се фокусирате на целта и ќе ги избегнете негативните вибрации од другите.

Не секој верува во своите соништа, или пак во себе, па кога таков човек ќе слушне за вашата голема визија, тој може веднаш да почне да ве критикува, па можеби дури и да ве исмејува. Негативноста може да дојде од секој, од вашите пријатели, па дури и од вашето најблиско семејство.

Споделувајте ги вашите идеи и цели само со некој кој верува во вас и кој ќе ве поддржува.

Многу луѓе не го разбираат ова и ги кажуваат своите планови на луѓе кои не ги разбираат, а тие пак ги обесхрабруваат бидејќи не веруваат во нив. Така почнува да се раѓа сомнеж за вашите способности поради што можеби засекогаш ќе се откажете од вашиот сон.

Кога некој не е свесен за својот потенцијал, го гледа животот само од една гледна точка. Не дозволувајте перспективата на другите да ве засени.

Помирете се со сè што ќе ви се појави на патот, бидејќи така требало да биде. Немојте да брзате. Не сакате сè да се случува истовремено. Бидете благодарни за сегашноста која ја имате. Бидете смирени и не дозволувајте расправиите да го нарушат вашиот внатрешен мир.

Никој нема да ве гледа со ваши очи. Ослободете се од потребата да им докажувате на другите дека вредите. Не трошете ги вашите енергија и зборови за да им објасните нешто на луѓе кои едноставно не можат да го сфатат тоа.

Важно е да останете тивки и да не привлекувате внимание.

Како пример земете ги растенијата. Ние не ја гледаме нивната битка под земјата додека се обидуваат да пораснат. Ние ги забележуваме дури откога ќе ја постигнат нивната цел. Немојте да се грижите за мислењето на другите, грижете се за себе.

Некои можеби ќе помислат дека споделувањето на мислите и идеите може да ви помогне подобро и полесно да ги остварите. Ова може да функционира само кога ќе бидете способни да прифатите критика и кога нема да дозволувате негативноста да влијае на вашите одлуки. Штом ќе можете да ги контролирате вашите емоции кога некој ќе се обиде да го „уништи“ вашиот сон, можете да ги раскажувате вашите идеи. Но дотогаш, најдобро е да бидете тивки и сами да работите на вашата цел.

За полесно да ги постигнете вашите цели, погледнете ги овие трикови кои многу ќе ви помогнат.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар