Зошто имањето помалку води кон подобар живот?

Секој човек сака да биде среќен. Секој од нас секојдневно се обидува да ја задржи својата среќа или пак, се надева дека ќе ја подобри. Некогаш среќата била добри врски, давање на другите и инвестирање во себе за секогаш да се биде подобра личност.

zoshto-imanjeto-pomalku-vodi-kon-podobar-zhivot-kafepauza.mk

Но, нашата култура полека го сменила значењето на среќата во имање на најновите и најубавите работи и трошење пари на предмети за да ги импресионираме другите. Ја предадовме нашата среќа за предметите кои ги имаме и кои сакаме да ги имаме.

Вашето време е најскапоценото нешто што го имате на оваа планета. Кога одите на работа вие трошите дел од вашето скапоцено време за пари. Потоа, одите да купите нешто материјално со парите што сте ги заработиле. Ако вашата цел е само да ги купувате најновите и најубавите нешта, вашиот живот ќе заврши со бескраен циклус во кој го трошите вашето време на предмети.

Нашите поседувања всушност нѐ поседуваат

Кога нашиот инстинкт би бил да штедиме наместо да трошиме, замислете колку подобро би ни било. Наместо купување, зошто да не штедиме за да можеме да бидеме финансиски слободни и да бидеме во можност да го трошиме нашето време како што сакаме?

Или пак, уште подобро, зошто да не бидеме благодарни за она што веќе го имаме? Во никој период од историјата луѓето не поседувале олку многу работи, а сепак се толку несреќни. Ако секој ден се будите благодарни за сето она што го имате, вашата желба за нови нешта ќе исчезне.

Будење кон среќата

Едно истражување покажало дека луѓето кои се материјалисти имаат лошо емоционално здравје. Луѓето полека почнуваат да сфаќаат дека она што е важно се искуствата, пријателствата и сеќавањата кои ги создаваат. Вие ја имате целата „опрема“ која ви е потребна за да бидете среќни уште денес. Обидете се да се разбудите среќни и благодарни за она што го имате. Фокусирајте се повеќе на вас и на другите, а помалку на материјалните работи.

Погледнете ги и овие совети за подобар живот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар