Жените што навистина уживаат во сексот ја откриваат магичната формула за страсна ноќ

Која е формулата за совршен секс? Дали постои некој што ја знае? Најпрво, треба да ги следите своите емоции, желби и потреби, а потоа во целост да се препуштите во прегратките на вашиот партнер. Исто така погледнете ги и следниве совети од жените со страстен сексуален живот, што ќе ви помогнат да го зачините и вашиот.

Жените што навистина уживаат во сексот ја откриваат магичната формула за страсна ноќ

Поработете на својата кондиција… како и на идеите!

Жените што владеат со сексот имаат сила да го издржат истиот – тие се флексибилни, не се уморуваат и лесно умеат да изведат различни пози. Тие исто така често размислуваат за сексот, па им паѓаат на памет различни идеи и не ги забораваат своите искуства, ниту добрите, ниту лошите.

Мастурбација? Тие велат ДА!

Дури и кога имаат добар секс, не забораваат на мастурбацијата. На тој начин ја одржуваат врската со своите потреби, подобро го запознаваат телото и учат како да се сакаат себеси. Мастурбацијата прави тие да се чувствуваат пожелно и сензуално, а притоа дознаваат и што сакаат, а што не кога станува збор за сексуалните допири.

Постојано имаат заштита со себе

Тие не ги оставаат нештата на случајноста, па секогаш носат презервативи, а во својот дом имаат лубрикант, секси играчки и секако, ментол бонбони за освежување на здивот.

Ништо не може да се случи без добра предигра

Тие не се плашат да го преземат првиот чекор, умеат да иницираат секс и никогаш не го потценуваат значењето на предиграта. Страсно се бакнуваат, таинствено набљудуваат, ненадејно допираат и секако, постојано се расположени за орален секс.

Кога ќе дојде главниот настан, на сцената стапуваат…

Безобразните зборови! Да, тоа е главната формула за секс од соништата. Малку зачинети зборови и секси потези, како и гласни воздишки – оргазмот е гарантиран! Тие исто така не одбиваат секс во долгата врска. Кога се уморни, едноставно се помалку активни, но не можат да ѝ одолеат на желбата. Спремни се за експерименти и нови нешта, а контактот со очите за време на односот им е едно од најголемите оружја.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар