Важни животни лекции кои ќе ви донесат подобар и позитивен живот

Сите ние барем еднаш во животот сме имале лош ден, сме биле нерасположени и без волја да станеме од креветот. Но, секако, сме имале и денови во кои сме доживеале голем успех, среќа и напредок. Не заборавајте дека животот е таков! Во деновите кога ќе се чувствувате лошо и нерасположено, но и во оние среќните, секогаш имајте ги на ум овие животни лекции кои ве донеле на местото каде што сте сега и кои ќе ви помогнат да продолжете понатаму.

1-vazhni-zhivotni-lekcii-na-koi-treba-da-se-setite-sekoe-utro-www.kafepauza.mk_

1. Карактерот не е гравиран во камен. Можете да го промените и да го контролирате доколку сакате.

На сите добро ви е позната изреката на Џон Лок за тоа дека човекот се раѓа како празен лист хартија или „табула раса“, па затоа не дозволувајте да ја испишувате со негативни особини. Секогаш обидувајте се да ги соберите најдобрите особини, а за оние лошите пак, секогаш обидувајте се да ги поправите и измените.

2. Никогаш немојте да ги напуштите родителите. Поради нив сте овде!

Можеби вашите родители биле премногу строги кон вас, можеби не ви дозволувале исти нешта како што им дозволувале родителите на вашите пријатели, можеби сакале да ја дознаат секоја ваша тајна… Без разлика за што најмногу им замерувате на родителите, никогаш немојте да се однесувате непристојно и некултурно кон нив. Тие се причината поради која сте вие овде, на овој свет. Без разлика каква одлука ќе донесете или кој пат ќе го изберете во животот, тие секогаш ќе бидат зад вас и ќе ве бодрат да не се откажувате и да ги исполните вашите соништа.

3. Немојте да дојдете до ситуација каде што ќе морате да изберете помеѓу љубовта и пријателството. Двете се многу важни!

Во животот многу е тешко да се постигне баланс. Секогаш вагата ќе натежнува кон едната страна. Секогаш на некоја работа ќе ѝ се посветите повеќе отколку на друга. Но тоа не значи дека треба потполно да ја запоставите втората. Така е и со пријателството и љубовта. Обидете се да поминувате подеднакво време и со пријателите и со вашиот партнер. Никогаш немојте да дојдете до ситуација во која треба да избирате. Сетете се, вашите пријатели биле овде пред да дојде вашиот партнер, но исто така, вашиот партнер може да биде тука кога лажните пријатели ќе заминат.

4. Изолирајте се кога сте лути. Дајте си време и размислете за ситуацијата кога ќе бидете смирени

Ништо нема да решите со зборовите кои ќе ги изговорите додека сте лути. Напротив, само може да ја направите ситуацијата уште полоша. Доколку некогаш дојде до некој конфликт, слободно повлечете се, смирете се, а потоа обидете се да го решите проблемот на мирен начин со разговор.

2-vazhni-zhivotni-lekcii-na-koi-treba-da-se-setite-sekoe-utro-www.kafepauza.mk_

5. Луѓето често велат дека треба да го следите срцето, но тоа не е секогаш така. Слушајте го срцето, но следете го разумот

Понекогаш нашето срце не ги „гледа“ работите кои веќе се јасни за нашиот разум. Доколку нешто сакаме, несвесно започнуваме да ги гледаме само добрите страни и да замислуваме сценарија кои ни одговараат само нам. Не велиме дека тие се невозможни, само дека понекогаш треба да ја разгледате целата ситуација со вашиот разум, а потоа разумно да одлучите.

6. Времето лечи скоро сè. Оставете го да помине за да настапи промената

Ништо не трае вечно. Луѓето доаѓаат и си заминуваат, предметите се кршат, облеката се кине… Без разлика колку сте биле приврзани со личноста која заминала или ве повредила, со тек на време болката ќе се намали. На крај, на неа треба да гледате како убаво минато, а промената што ќе настапи ќе ви создаде уште поубава иднина.

7. Мислите ги управуваат чувствата. Чувствата ги управуваат делата. Делата ги управуваат резултатите.

Научно е докажано дека какви ни си мислите, таков ни е и животот. Затоа, започнете да мислите позитивно, продуктивно и оптимистички. Со помош на овие мисли, вие ќе започнете и така да се чувствувате, а целата таа енергија ќе ја насочите кон работата што ве исполнува. Нека не ве зачудат резултатите што ќе ги постигнете.

3-vazhni-zhivotni-lekcii-na-koi-treba-da-se-setite-sekoe-utro-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар