Највкусниот летен десерт: Рецепт за тирамису со боровинки

Највкусниот летен десерт: Рецепт за тирамису со боровинки

Тирамису е познат италијански десерт кој се состои од пишкоти натопени во кафе. Во лето можете да додадете боровинки при што ќе добиете вкусен и сочен десерт, идеален за летните температури. Во продолжение прочитајте како да направите тирамису во чаша за кој ќе ви бидат доволни неколку минути.

Највкусниот летен десерт: Рецепт за тирамису со боровинки

Потребни состојки:

  • 250 грама свежи боровинки
  • 150 грама шлаг крем
  • 150 грама маскарпоне
  • 30 грама шеќер во прав
  • 4-6 пишкоти
  • црно кафе
  • какао во прав

Начин на подготовка:

1. Искршете ги пишкотите на помали парчиња и натопете ги во ладно кафе. Наредете ги на дното од чашата во која ќе го послужите десертот.

2. Врз нив додадете малку свежи боровинки.

3. Со миксер изматете го шлаг кремот заедно со шеќерот во прав. Додадете и маскарпоне и продолжете да мешате. Дел од смесата префрлете ја во чашата.

4. Повторете ја истата постапка и наредете ги бисквитите, овошјето и кремот додека не ги потрошите сите состојки.

5. На крајот посипете какао во прав. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за тирамису со боровинки, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за тирамису торта од палачинки.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар