Сродната душа нема да ви го исполни животот, туку ќе ве инспирира самите да го направите тоа

Не треба да очекувате од вашата сродна душа да ви го направи животот поисполнет. Таа треба да ве инспирира да го сторите тоа самите. Сродна душа е некој кој нема да ве осудува поради вашите недостатоци. Сродна душа е некој кој ќе може да ги види вашите лузни од животните битки и сепак ќе одлучи да остане покрај вас. Сродна душа е некој кој секогаш ќе ве поттикнува да заздравите сами, тогаш кога ќе бидете подготвени, на свој начин. Некој кој секогаш ќе ве тера да одите напред.

Сродната душа нема да ви го исполни животот, туку ќе ве инспирира самите да го направите тоа

Сродната душа ќе ве убеди да ги прифатите сите животни предизвици. Ќе го види потенцијалот што струи низ вашите коски и ќе ви ги открие сите ваши способности за кои ни самите не сте биле свесни. Ќе ви ги отвори очите и ќе ве убеди дека поседувате неверојатна моќ. Сродната душа ќе ве гледа онака како што никогаш не сте можеле да се видите себеси.

Сродната душа нема да се исплаши од вашиот личен развој. Нема да ја почувствува потребата да ве затвори и да ве спречи да напредувате онолку колку што можете. Нема да се чувствува непријатно кога ќе ви биде тешко, туку ќе може да ја забележи секоја ваша нова искра. Сродната душа никогаш нема да ве прекорува поради тоа што сте се промениле или сте решиле да преземете нов чекор на патеката наречена живот. Нема да ви се лути затоа што конечно сте се осмелиле да ги следите вашите соништа. Сродната душа ќе знае дека се претворате во личноста која отсекогаш сте посакувале да бидете и ќе биде толку горда на вас поради тоа.

Сродната душа нема да ви го исполни животот, туку ќе ве инспирира самите да го направите исполнет. Ќе ја поддржува секоја ваша одлука, ќе ве мотивира и охрабрува да се менувате и одново да се откривате себеси сѐ додека не ја пронајдете вистинската среќа. Сродната душа ќе ве сака толку силно, што никогаш нема да се посомнева во вашата способност да станете најдобрата верзија од себе.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар