2-минутно правило што ќе ви помогне лесно да се ослободите од стресот

Колку често се нервирате бидејќи сте заборавиле нешто или затоа што не сте завршиле брзо со обврска за која реално требало малку време? Можеби ви изгледа како последиците од овие ситни секојдневни обврски се краткотрајни, но нивните ефекти можат да бидат почувствувани уште долго време потоа. Токму затоа и еден од корисниците на популарниот веб-сајт „Quora“ споделил 2-минутно правило кое успеало да му воведе ред во неговиот живот, со цел да ни помогне полесно да се справиме со секојдневниот стрес.

2-минутно правило што ќе ви помогне лесно да се ослободите од стресот

Нашиот мозок знае да биде многу лош кога станува збор за носење одлуки, бидејќи тие подразбираат промени. Нашите инстинкти работат на тој начин што нè тераат по секоја цена да избегнеме промена. Ова 2-минутно правило е одлично бидејќи ни помага да ги тргнеме одлуките од пат и да започнеме со нешто што во спротивно би го одложувале до бескрај. Па, како ова правило помага?

1. Потребни ви се само 2 минути за да ги измиете садовите веднаш по нивната употреба. Заборавете на насобраните нечисти чинии, за кои понекогаш треба и до половина час средување.

2. Потребни ви се само 2 минути да се преоблечете кога ќе се вратите дома и веднаш да ги здиплите алиштата. Тие никогаш повеќе нема да бидат изгужвани и лесно ќе можете да ги најдете доколку сакате пак да ги облечете.

3. Потребни ви се само 2 минути за да одговорите на имејлот што ви пристигнал. Наместо да ги игнорирате нотификациите и да оставате имејловите да ви се собираат во вашето сандаче, отворајте ги како што ќе пристигнуваат и веднаш одговарајте…

4. Потребни ви се само 2 минути за да се ослободите од лутината. Едноставно излезете на тераса, во двор или каде било на отворено во близина на вашите дом или работа и едноставно наполнете ги градите со свеж воздух. Вдишете длабоко и издишете ги сите проблеми од вас.

5. Потребни ви се само 2 минути за да се опуштите со помош на медитација. Ако секојдневно одвојувате 2 минути во текот на денот за да се смирите, вие воопшто нема да се заморувате и ќе бидете многу поенергични и поефикасни во вашата работа.

Животот станува многу поедноставен кога немате долга листа со обврски и ситници. Кога не доцните и не си создавате паника и стрес поради тоа што треба да го завршите, вие ќе бидете многу поисполнети и посреќни. Ова 2-минутно правило може да се примени на многу нешта, не само на овие што ги спомнавме погоре. Размислете, подобро да изгубите 2 минути во истиот овој момент, одошто да одложите и подоцна тие да се претворат во 2 часа.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар