Се плашите од запознавањето со неговите родители? Овие 6 теми морате задолжително да ги избегнете!

Постојат некои теми кои не би требало да ги започнете кога за прв пат ќе се сретнете со родителите на вашето момче. Во раната фаза од љубовната врска, запознавањето на родителите на партнерот може да ја „заниша“ вашата љубов и вашиот однос. Да оставите добар впечаток и да изградите темели за вашиот однос не е секогаш лесно. Кога ќе дојде време за големиот ден, избегнувајте разговор на следниве теми за да ги намалите шансите за оставање лош прв впечаток.

1-se-plashite-od-zapoznavanjeto-so-negovite-roditeli-ovie-6-temi-morate-zadolzhitelno-da-gi-izbegnete-www.kafepauza.mk_

1. Претходни љубовни врски

Спомнувањето на бившите партнери, на вашиот нов партнер е опасно, особено кога е тоа во присуство на неговото семејство. Ова може да доведе до отворено самоубиство на врската. Поголемиот дел од родителите сака да размислува за својот син како единствено богатство, па подготвени се да ја засакаат само неговата верна животна партнерка. Ако неговите родители ве прашаат за вашите претходни љубовни врски, бидете искрени, но задржете ги за себе поголемиот дел од деталите. Можете да користите реченици како што се: „Имавме неколку допирни точки, но не се пронајдовме“. Така ќе го избегнете споредувањето на бившиот партнер со сегашниот, а тоа и моментално влијае на вашето и нивното емоционално здравје.

2. Политика

Несогласувањето со родителите на вашиот партнер дури и околу најмалото политичко прашање може да се развие во поголема кавга, а на крај може да ги доведе во прашање вашите вредности и карактер. Ако започнете да се расправате околу какво било политичко прашање кое има потенцијал да предизвика поголема расправија, одговорете нејасно и обидете се да го пренасочите разговорот на тема за која сте сигурни дека ќе пронајдете заеднички јазик.

2-se-plashite-od-zapoznavanjeto-so-negovite-roditeli-ovie-6-temi-morate-zadolzhitelno-da-gi-izbegnete-www.kafepauza.mk_

3. Длабоки академски теми

Ако имате страст кон физиката, историјата, уметноста или некоја друга академска тема и во тој момент сметате дека тоа е добра тема за разговор, поттикнете ја слободно. Меѓутоа, премногу длабокото навлегување во таквите сложени предмети во текот на првата средба, не само што може да го збунат семејството, туку најверојатно ќе изгледате арогантно. Ако ве прашаат конкретни прашања, ограничете го објаснувањето со едноставни одговори, за да можат да разберат, уживаат и анализираат иако не се експерти.

4. Омилена храна

Верувале или не, иако изгледа како едноставна тема, разговорот за нечија „омилена храна“ може да биде вистинска експлозија кога разговарате со родителите на партнерот. Ако тие луѓе ве повикале кај нив на вечера или избрале ресторан во кој за прв пат ќе се сретнете, не ја критикувајте храната во кој било облик, бидејќи може да звучи навредливо за родителите. Зборувајте убаво за сервираната храна. Ако ве прашаат која храна ја сакате, кажете им некој странски рецепт.

3-se-plashite-od-zapoznavanjeto-so-negovite-roditeli-ovie-6-temi-morate-zadolzhitelno-da-gi-izbegnete-www.kafepauza.mk_

5. Славни личности и нивните животи

Модерното време дава пристап до животот на секоја славна личност. Од актери и спортисти до политичари, водители и нивните скандали. Ова тема е за разговарање со пријателите, а никако со родителите на вашиот партнер. Ќе оставите впечаток дека ве интересираат туѓите животи и дека немате попаметна работа отколку да „ѕиркате“ во туѓата приватност.

6. Религија

Нема причина да ја сокривате вашата верска припадност, но погрешна тема може да биде распраањето околу верските разлики. Немојте да давате големо значење ако вашата религија се разликува од религијата на неговите родители. Ако кај нив за време на обредот се моли, тогаш почитувајте го тоа. Би било добро индиректно да го прашате вашиот партнер за религијата пред првото запознавање со родителите. Ако се разликува од вашата, претходно информирајте се и научете нешто за нивната религија и обичаи. Сите светла ќе бидат вперени во вас, а родителите ќе ве ценат. Ако е возможно избегнете ја оваа тема на првото запознавање.

Откако дознавте кои теми се забранети, погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да ги восхитите неговите родители.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар