Зошто желбите се остваруваат тогаш кога ќе заборавиме на нив?

Зошто желбите се остваруваат тогаш кога ќе заборавиме на нив?

Понекогаш очајно посакуваме нешто, но желбата и делата не даваат позитивни резултати. Можеби сте направиле сѐ што можете за да ви се оствари посакуваното, но вашите напори не биле наградени. Постојат случаи кога она што го сакате не може да дојде во вашиот живот, бидејќи не е вистинското време за тоа или универзумот има други планови за вас, но најчесто главната причина зошто не го добивате она што го сакате е вашиот отпор.

Зошто желбите се остваруваат тогаш кога ќе заборавиме на нив?

Сигурно ќе се запрашате „Како е можно да пружам отпор кога се трудам толку многу?“ Постои суптилна разлика помеѓу фокусот на сопствените желби и згрченото посакување на негативен начин. Иако можеби посакувате нешто, позитивниот резултат не е во преден план на вашата концентрација. Напротив, вие се фокусирате на недостатокот.

Зошто копнежот по нешто го става фокусот на недостатокот во преден план?

Кога нешто силно сакате, вие размислувате зошто ви треба тоа. Размислувате колку вашиот живот е ужасен без тоа. Вашата енергија е насочена кон вашите потреби. Вие му праќате порака на универзумот дека не сте го добиле она што ви треба, наместо да ја покажете вашата желба. Законот на привлечност функционира така што го зајакнувате токму она на коешто треба да се фокусирате. Кога се концентрирате на фактот дека имате потреба, вашата потреба се зголемува.

Како да ги промените работите?

Треба да сфатите дека секој ден кога ја насочувате енергијата на вашите проблеми, ја зголемувате веројатноста од појава на уште повеќе проблеми. Почнете да ги гледате работите на поинаков начин. Разгледајте ги позитивните факти и престанете да размислувате негативно.

Земете го како пример следниов случај. Една жена многу сакала да се пресели. Таа била толку многу фокусирана на тоа што желбата го презела целото нејзино внатрешно битие. Можела да размислува само за тоа колку се неподносливи нејзините соседи и колку многу сака да побегне од тоа подрачје. Се концентрирала на лошите работи поврзани со нејзината куќа. Наскоро го замразила својот дом и почнала да се пакува иако немала каде да оди. Мислела дека со пакувањето го користи законот на привлечност. Мислела дека испратила намера и порака до универзумот која говори дека е подготвена за преселбата и верувала дека наскоро ќе се појави можност да се пресели. Напротив, нејзиниот очај и негативно размислување го блокирале сето она што го посакувала.

На крајот заклучила дека треба да почне со сочувство да размислува за нејзиниот дом. Престанала да мисли на лошите работи поврзани со него и се концентрирала на позитивните. Го променила дури и односот кон нејзините соседи. Се ослободила од песимизмот и агентот за недвижнини ѝ се јавил за да ја извести дека нашол совршен простор за неа.

Како што таа го направила тоа, така и вие можете да ги промените работите на тој начин што сета ваша енергија ќе почнете да ја насочувате кон позитивните мисли поврзани со вашата желба. Она што го посакуваме најчесто се случува тогаш кога ќе го заборавиме, односно кога нема да бидеме врзани за него.

Доколку навистина сакате да ви се остварат сите желби, дознајте за тајниот закон на човечката привлечност кој малкумина го знаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар