10 ТВ серии кои спасиле живот

Многу луѓе сметаат дека телевизорот е најлошото нешто за нас. Но, некои луѓе успеваат да научат многу важни информации од телевизиските програми. Следниве серии биле поучни за некои луѓе и им помогнале да го спасат својот или живот на некој друг.

1. Симпсонови (The Simpsons)

(1)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

Кога Алекс Харди имал 10 години, тој се задавил со еден залак во училишната кафетерија. Жените кои работеле таму го удирале по грбот со надеж дека тоа ќе помогне, но Алекс полека почнувал да помодрува. Тогаш, најдобриот пријател на Харди, Ајден Бејтман, го кренал Харди и му го извел Хајмлиховиот маневар. Ова се разбира, му помогнало на Харди. Кога го прашале од каде ја научил таа техника, Ајден им рекол дека го видел во серијата Симпсонови. Во серијата Хомер се задавил од крофна и додека неговите колеги се расправале како да му помогнат, зад нив стоел постер кој го објаснувал Хајмлиховиот маневар.

2. Вовед во анатомија (Grey’s Anatomy)

(2)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

Сарит Фишбејн забележала некаква грутка на својата дојка, но лекарот ѝ рекол дека најверојатно е згрутчено млеко, бидејќи тогаш доела. Шест месеци подоцна, грутката сè уште била таму иако таа веќе престанала со доење. Тогаш, во епизода од Вовед во анатомија, видела жена која се наоѓала во истата ситуација. Имала грутка на дојката, ѝ рекле дека е млеко, но на крајот излегло дека е рак. Фишбејн решила да си закаже преглед, а тестовите ги потврдиле нејзините сомнежи. Таа веднаш почнала со лекување, и поради тоа денес се чувствува одлично.

3. Брза помош (ЕR)

(3)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

Ангела Купер страдала од мигрени, заборавање, а понекогаш и си го гризела јазикот. Таа мислела дека овие симптоми се од стрес бидејќи неодамна се развела, сама одгледувала 2 деца и се вратила на факултет. Но тогаш Ангела изгледала една епизода од серијата, во која еден лик ги имал истите симптоми како неа. Нему му рекле да го исплази јазикот и виделе дека му бил искривен на лево, а ова било знак дека има рак. Ангела го направила истото и го добила истиот резултат. Веднаш отишла во болница каде што ѝ бил дијагностициран рак на главата и вратот. Ангела успеала да ја победи болеста.

4. Холиоукс (Hollyoaks)

(4)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

Бет Кордингли страдала од главоболки и кога отишла на лекар ѝ рекле да отиде на очно. Посетата на очниот лекар не помогнала, а Бет почнала да се чувствува полошо. Таа редовно ја гледала серијата Холиоукс и во една епизода неколку ликови имале симптоми исти како нејзините, за кои се утврдило дека се од труење од јаглероден моноксид кој истекувал од резервоар со гас. Бет веднаш се јавила во службата за снабдување со гас, и од нејзиниот резервоар навистина истекувал јаглероден моноксид. Таа веднаш била хоспитализирана, и ако чекала уште 24 часа би можела да го загуби животот. Биле потребни 2 недели за Бет целосно да оздрави.

5. Спаси ми го животот: Траума во Бостон (Save My Life: Boston Trauma)

(5)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

Едно утро Ден Моуер не се чувствувал добро. Претпоставил дека има киселини или пак проблеми со дигестијата, па во следните 3 дена ја променил својата исхрана по што се чувствувал подобро. После третиот ден, Ден ја гледал серијата Спаси ми го животот, и еден од ликовите мислел дека има киселини, но всушност имал срцев удар. Ден сфатил дека и неговите симптоми се речиси исти, па следното утро отишол на лекар. Сепак проблемот не бил проблем со варењето, туку срцев удар и Ден веднаш бил опериран.

Продолжува на следната страница


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар