10 ТВ серии кои спасиле живот - Part 2

10 ТВ серии кои спасиле живот

6. Сунѓерот Боб (SpongeBob SquarePants)

(6)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

5-годишниот Ендру Џентил си играл во едно езеро, но залутал во длабокото. Кога мајка му забележала дека нејзиниот син се дави, таа веднаш испливала за да го спаси. Но, испаничила кога сфатила дека не може да го допре дното бидејќи езерото било длабоко 1,8 метри. Тогаш, 8-годишниот Рис Ронсери се сетил на една сцена со спасување од Сунѓерот Боб и бил сигурен дека може да го спаси малиот Ендру. Рис скокнал во водата, го фатил Ендру под раката и почнал да плива. И се разбира, спасувањето било успешно.

7. Градот Холби (Holby City)

(7)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

Речиси 2 години, Рејчел Грин имала мал израсток на ногата за кој сметала дека не е опасен. Но, кога изгледала една епизода од Градот Холби во која еден лик имал идентичен израсток, кој всушност бил рак, нејзиното мислење се променило. Отишла на лекар каде што се утврдило дека станува збор за рак на кожата. Рејчел веднаш била оперирана и ракот целосно бил отстранет.

8. Разбивачи на митови (MythBusters)

(8)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

Тереза Бут ја носела својата 9-месечна ќерка во градинка, кога нејзиниот автомобил се лизнал на мразот и паднал во голема дупка со вода. Студената вода веднаш почнала да влегува во автомобилот. Сè што Тереза мислела во тој момент било како да ја заштити ќерка си од студената вода. Се обидела да ја отвори вратата, но тоа не успеало. Тогаш се сетила на една епизода од Разбивачи на митови, во која Адам бил во иста ситуација. Не можел да ја отвори вратата сè додека не се изедначил притисокот во возилото. Тереза почекала, и кога притисокот бил ист вратата ја отворила без проблем. И таа и ќерка ѝ биле безбедни и не биле повредени.

9. Хаус (House)

(9)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

Еден Германец почнал да има сериозни проблеми со здравјето – ниско ниво на тироидни хормони, воспаление на хранопроводот и треска со непознато потекло. Тој речиси оглувел и ослепел, а неговото срце одвај пумпало за да преживее. Докторите не знаеле што е причината за овие проблеми. Човекот отишол кај лекарот Шаефер кој бил специјалист за чудни случаи. За среќа, лекарот се сетил на епизода од Хаус во која една пациентка ги има истите симптоми бидејќи имала труење од кобалт од вештачкиот колк. Пациентот на Шаефер имал вештачки колк, и снимките покажале дека неговиот колк еродирал. Колкот веднаш бил заменет со керамички, но за жал пациентот ги изгубил видот и слухот.

10. Добро утро Америка (Good Morning America)

(10)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mk

Ејми Робах, водителката на Добро утро Америка, речиси цела година избегнувала мамограм. Продуцентот на емисијата ја замолил да направи снимка пред камерите. Таа се согласила со цел да ги инспирира жените почесто да ги проверуваат своите дојки. Но, кога ги добила резултатите се шокирала. Снимката покажала дека Ејми има рак, кој за среќа го фатиле во почетна фаза. Нејзината емисија го спасила не само нејзиниот, туку и животот на 8 други жени кои ѝ напишале дека благодарение на неа се провериле и навреме го фатиле ракот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар