Природни додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да се справите со хроничниот замор

Хроничниот замор може да има лошо влијание на вашето физичко и ментално здравје. Може да биде предизвикан од некое нарушување, но многу често причината е животниот стил, што подразбира недостаток на сон, преголема физичка активност, консумирање премногу кафе и алкохол и нездрави навики за исхрана. Постојат неколку додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат природно да се справите со хроничниот замор. Кога ќе ги комбинирате со добра исхрана, повеќе спиење и некои техники за намалување на стресот, ќе можете да си ја вратите енергијата која ви е потребна.

1. Витамин Б12

Sleeping

Овој витамин има влијание на функционирањето на мозокот и на нервниот систем. Кога ќе додадете витамин Б12 во вашата исхрана, ќе почувствувате повеќе енергија, подобра концентрација и подобро расположение. Овој витамин можете да го најдете во месото, рибата, јајцата и млечните производи, како и во вид на апчиња. Исто така, витаминот Б12 го намалува ризикот од срцев удар, ја подобрува меморијата и штити од Алцхајмерова болест.

2. Мелатонин

2)prirodni-dodatoci-vo-ishranata-koi-ke-vi-pomognat-da-se-spravite-so-hronichniot-zamor-kafepauza.mk

Ако сметате дека причината за вашиот замор е недоволното спиење, додавањето на мелатонин во исхраната може да ви помогне. Ова е хормон произведен од мозокот кој помага во спиењето, па неговото консумирање ќе ви овозможи квалитетен сон.

3. Витамин Д

man with laptop computer relaxing on the beach

Витаминот Д му помага на метаболизмот и на вашето тело да апсорбира фосфор и калциум. Ако имате недостаток од овој витамин, ќе чувствувате замор, проблеми со спиењето, променливо расположение и симптоми на депресија. Витаминот можете да го добиете од сонцето и храната како јајца, лосос и сирење. Доколку сте веган, постојат додатоци за исхрана кои се погодни за вас.

4. Л-тирозин

(4)prirodni-dodatoci-vo-ishranata-koi-ke-vi-pomognat-da-se-spravite-so-hronichniot-zamor-kafepauza.mk

Постојаниот стрес може да води до замор, но со вежбање, медитација, правилна исхрана и додатоци во исхраната можете да се справите со стресот. Л-тирозинот е аминокиселина која помага во борбата против стресот. Овој додаток можете да го земете 30-60 минути пред некој стресен настан (како вежбање, испит или интервју за работа) и ќе ви помогне да останете смирени.

5. Магнезиум

woman tired of shopping online in bed asleep

Магнезиумот е минерал кој помага во правилното функционирање на крвниот притисок и на кардиоваскуларниот систем. Тој исто така помага и со болката во мускулите и заморот. Магнезиумот треба да се зема навечер комбиниран со нешто кисело, како на пример овошен сок.

Погледнете и која храна ќе ви ја врати енергијата во текот на денот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар