Популарни совети за успех во кариерата што не треба да ги слушате

Постојат многу луѓе кои се спремни да ви дадат совети, а многу од нив може да ви бидат од голема помош. Меѓутоа, некои од тие добронамерни луѓе може да ве упатат кон погрешна насока, или пак да ви дадат совети кои се корисни за другите, но не и за вашата ситуација. Повеќето што се однесуваат на кариерата, треба да бидат прилагодени според одредена личност, но постојат и такви кои едноставно не важат за сите. Ваша работа е да ги селектирате советите што ги добивате и да ги отфрлите оние што нема да ви бидат од помош. Иако вашите најблиски сакаат да ви помогнат, понекогаш вие треба самите да донесете своја одлука. Еве 4 различни совети за кариерата што сигурно редовно ги добивате, но за кои треба добро да размислите, па можеби дури и да ги одбиете.

Овие неколку совети за вашата кариера не би требало да ги прифатите

1. Следете ги вашите страсти

Ова е лош совет ако го следите слепо. Иако е точно дека да се има работа што ви одговара е одлична идеја и може да ви помогне да успеете, едноставно не сѐ може да биде претворено во кариера. На пример, ако вашата страст е да изучувате за грчкиот и римскиот живот, но не сакате да бидете професор, тогаш најверојатно не треба да го одберете овој пат. Подобра идеја би било да одберете поле на работа што ќе ви овозможи патување во Грција или Рим, или пак да го изучувате ова во вашето слободно време. Ако е возможно, студирајте и работете во полето коешто ве интересира, но внимавајте да не го помешате вашето хоби со кариерата. Фотографирањето е одлично хоби, а многумина и професионално се занимаваат со тоа, додека пак другите едвај заработуваат за да преживеат. Треба да размислувате рационално за да пронајдете работа која ја сакате, но и од која истовремено ќе можете да живеете.

2. Не прифаќајте помалку отколку што заслужувате

Како што претходно споменавме, повеќето совети за кариерата треба да бидат прилагодени на лицето што ги добива. Па, треба да бидете претпазливи пред да донесете некоја одлука и да размислите за вашата специфична ситуација, затоа што одредени работи за некој може да значат едно, а за вас нешто сосема друго. Ако се чувствувате лошо на работното место или пак сте биле разрешени од вашата позиција поради некоја причина, немојте веднаш да претпоставувате дека не вредите. Ако сте се обиделе да работите на некоја нова позиција па вие и вашиот шеф се согласите дека треба да се вратите на претходната, ова не значи дека треба да ја напуштите работата. Луѓето имаат одредени вештини, а вашите може да не одговараат за некои работни места. Исто така ако подолго време сте биле во потрага по работа, па потоа сте принудени да прифатите работа што не ви одговара, најпрво треба да утврдите кои се вашите цели. Ако ви требаат пари за да ги платите сметките, а ви се нуди работа која плаќа помалку од вашата претходна, но би уживале во неа, тогаш важно е да ја разгледате оваа понуда. Избирањето работа со помали примања можеби за некој е лош избор, но не треба да се согласувате со тоа што некој друг го смета за лошо. Вашата ситуација е индивидуална.

Овие неколку совети за вашата кариера не би требало да ги прифатите

3. Вратете се назад во училиште

Некои работни места бараат одреден степен на образование, па ако сакате да добиете некоја работа, треба да поработите на тоа. Сепак, не претпоставувајте дека повисокиот степен на образование е вистинскиот одговор во секоја ситуација. Иако тоа може да ви помогне да добиете поголема кариера, сепак, не е така во сите ситуации. Многу работодавци сакаат искуство, па и да имате повисок степен на образование, но вие може да не се снајдете во некои ситуации кога ќе се споредите со оние кои имаат долгогодишно искуство, па целиот труд и пари да бидат за џабе фрлени.

4. Не преземајте ризик

Постојат одредени ризици што навистина не треба да ги преземате. На пример, не вреди да ја ризикувате работата така што ќе озборувате со вашите колеги или ќе го навредувате вашиот шеф, ќе пропуштате важни состаноци или редовно ќе доцните. Но, повеќето ризици што ви претстојат во однос на работата се од корист за вашата кариера на долг рок. Ако едноставно работите тивко и повлечено, тогаш никогаш нема да успеете целосно да му ги прикажете вашите способности на шефот, па и да добиете унапредување. Обидете се секогаш да преземате нови проекти кога тоа го дозволува ситуацијата. Барајте унапредување дури и ако мислите дека имате помали шанси да го добиете (сепак, бидете сигурни дека сте квалификувани за тоа). Посетувајте работни конференции и запознавајте нови луѓе. Колку повеќе здрави ризици преземате, толку подобри шанси ќе имате да напредувате во својата кариера. Така, практикувајте преземање помали ризици, а кога ќе се чувствувате поудобно ќе бидете спремни да преземате и поголеми.

Секако дека секој совет е добредојден, но од вас се бара да го преиспитате и да утврдите дали одговара на вашата ситуација, па да одлучите дали ќе го прифатите или не.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар