5 нешта што треба да ги знаете доколку сакате да ги ослабете лицето и вратот

5 нешта што треба да ги знаете доколку сакате да ги ослабете лицето и вратот

Мастите околу лицето и вратот воопшто не изгледаат привлечно. Многу жени кои имаат малку пополни лице и врат се чувствуваат непријатно во својата кожа и се обидуваат на најразлични начини да ги отстранат. Некои пак, веруваат дека тоа не е можно, што е погрешно. Па, ако се пронајдовте во овие ситуации, во продолжение прочитајте кои се најдобрите начини за да се ослободите од нив.
5 работи што треба да ги знаете доколку сакате да ги изгубите мастите на лицето и вратот

1. Внимавајте на хидратацијата

Внимавајте на тоа колкаво количество вода внесувате во текот на денот. Пијте околу осум чаши вода на ден за да не ви бидат подуени рацете, лицето, нозете и стапалата. Научниците исто така ги поврзуваат овие проблеми внесување претерана количина шеќер и сол, па намалете малку и со нив во исхраната.

2. Внимавајте на исхраната

Некои алергиски реакции на храна, како што е синдромот на нервозно дебело црево или пак чувствителноста на глутен, може да придонесат за подуеност на лицето, а тоа е знак дека нешто не е во ред со вашиот дигестивен систем. Доколку се сомневате дека имате здравствен проблем за оваа состојба, консултирајте се со вашиот доктор за како да продолжите понатаму.

3. Водете здрав начин на живот

Промената на начинот на јадење и водењето здрав живот може да ви помогне да се ослободите од мастите на лицето. Јадете повеќе овошје, зеленчук и витамини, а намелете го внесувањето на преработени шеќери и сол. Исто така бидете сигурни дека консумирате доволно хранливи влакна за да му помогнете на вашето тело да се ослободи од холестеролот и вишокот вода.

5 работи што треба да ги знаете доколку сакате да ги изгубите мастите на лицето и вратот

4. Вежби за образите

Постојат вежби што ќе ви помогнат да го ослабете вашето лице. Една од нив вклучува поставување на палците на најмекиот дел под јаболкниците. Со помош на вашите прсти фатете што е можно повеќе од образот и повлечете. Потоа со помош на мускулите на образите вратете се назад. Повторете го ова 20 пати.

5. Вежби за вратот

Растегнете го вратот на тој начин што ќе ја повлечете главата од градите и ќе се протегнете колку што можете побрзо. Потребно е да ја повлечете главата наназад што е можно повеќе, а додека гледате во таванот држете ја устата малку отворена за да ги чувствувате затегнати мускулите во вратот. По 10 секунди вратете ја главата во нормална позиција. Оваа вежба практикувајте ја 10 пати на ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар