Модни блогерки чии Инстаграм профили треба веднаш да ги заследите

Изгледа дека одамна го немаме набљудувано модниот свет од аголот на модните блогерки како личности кои и тоа како може да ни послужат за секојдневни комбинации. Од ден во ден, модното „небо“ е сѐ побогато со блогери кои се обидуваат да го покажат својот стил, да покажат нешто поразлично во однос на она што веќе се нуди. Токму затоа, ние издвоивме неколку и ги ставивме на листата на оние кои би требало да ги следите, секако, заради одличните идеи за модни комбинации и различните начини за комбинирање на парчињата облека.

7-modni-blogerki-chii-profili-treba-vednash-da-zapochnete-da-gi-sledite-www.kafepauza.mk_

1. Вероника Хелибрунер

Вероника Хелибрунер е една од највисоките модни блогерки. Стои зад блогот „Hey Woman“ кој не е наменет само за модата, туку и за некои бјути совети, но и уметност. Од ден во ден, прикажува одлични улични модни комбинации заради кои навистина заслужува да кликнете „follow“.

2-modni-blogerki-chii-profili-treba-vednash-da-zapochnete-da-gi-sledite-www.kafepauza.mk_

2. Сандра Хагелстман

Доколку досега немате слушнато за Сандра Хагелстман, тогаш е крајно време да се случи тоа. Таа е блогерката која жените навистина ја обожаваат, бидејќи ја покажува својата зависност од чевли во вистинскиот свет. Обувките за неа се вистински фетиш, односно можете да ги видите во разни модели, дезени, бои. Но, исто така, можете да пронајдете и одлични идеи за комбинирање на секојдневната облека со новите обувки.

3-modni-blogerki-chii-profili-treba-vednash-da-zapochnete-da-gi-sledite-www.kafepauza.mk_

3. Гала Гонзалес

Малку гламур, малку шик, малку кежуал парчиња облека… Сето ова го сочинува стилот на блогерката чие име е Гала Гонзалес. Кај неа можете да пронајдете одлични идеи за каква било модна комбинација, без разлика дали ви е потребна за некоја секојдневна обврска, или пак за некоја посвечена прилика.

5-modni-blogerki-chii-profili-treba-vednash-da-zapochnete-da-gi-sledite-www.kafepauza.mk_

4. Руми Нели

Доколку не сте слушнале за Руми Нели, тогаш навистина сте помеѓу ретките. Своите обожаватели ги стекнала ширум светот, но поголем број од нејзините следбеници, љубители на нејзиниот стил се наоѓаат на самата листа на најпознатите, како што се Емили Ратајковски, Кендал Џенер, Бела Хадид. Ова е сосема доволно за да го докаже нејзиниот моден вкус и колку тој вреди.

8-modni-blogerki-chii-profili-treba-vednash-da-zapochnete-da-gi-sledite-www.kafepauza.mk_

5. Луси Вилијамс

Луси Вилијамс е вистинска „девојка од соседството“, а таков стил и пропагира. Токму таа приближност до секојдневниот живот, секојдневните ситуации, допринела за нејзината популарност на Интернет. Едноставните парчиња облека се комбинирани на некој нов начин, а тоа е нејзиниот „потпис“.

9-modni-blogerki-chii-profili-treba-vednash-da-zapochnete-da-gi-sledite-www.kafepauza.mk_

6. Крисел Лим

Крисел Лим не е непознато име во блогерскиот, а ниту во модниот свет. Бидејќи е позната веќе подолго време, сега е вистински момент да потсетиме дека таа е една од најважните во својот свет што треба да ги следите. Ви препорачуваме заради одличниот вкус, совршените комбинации, неповторливиот стил, кој честопати е докажан и со соработките за кои мал број модни блогерки може да се пофалат.

11-modni-blogerki-chii-profili-treba-vednash-da-zapochnete-da-gi-sledite-www.kafepauza.mk_

Погледнете кои беа најдобрите модни блогерки за 2016-та година.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар