Луѓето може да си заминат, но нивното влијание останува засекогаш

Еден ден, некој ќе влезе во вашиот живот и ќе ви кажува убави работи кои дотогаш не сте ги слушнале од луѓето со кои сте го поминувале поголемиот дел од вашето време. Ќе излегувате заедно и ќе се состанувате. Таа личност ќе се сеќава на храната што ја сакате, на сите ваши мали разговори и како што поминува времето, ќе почнете да гледате можности кои поминуваат одредени граници.

Луѓето може да си заминат, но нивното влијание останува засекогаш

Таа личност ќе направи да се заљубите за прв пат, ќе ви поставува прашања и ќе ви покаже како изгледа да имате пеперутки во вашиот стомак. Таа личност ќе биде дефиниција за вашата среќа, причината за избирање најубава облека. Таа личност ќе ја држи вашата рака како никогаш повеќе да не ве пушти да си заминете и ќе направи да чувствувате дека сте сакани и дека сте му потребни некому. Тогаш ќе ја почувствувате топлината на сонцето и ќе се чувствувате поубаво отколку кога било порано. Таа личност ќе ви помогне да сфатите дека не ви е потребен никој друг, сѐ додека ве сака, тоа е доволно. Но, секогаш постои крај на убавиот филм, добрата книга или прекрасната приказна. Еден ден, некоја личност ќе дојде во вашиот живот за да ве смени и кога конечно ќе се поврзете… таа ќе замине. Ова е болно, но вистината е дека луѓето доаѓаат и си одат. Еден ден вие сте толку посебни, а наредниот ден веќе тоа исчезнува. Луѓето доаѓаат, но порано или подоцна, тие заминуваат.

Земете здив. Сите оние луѓе кои доаѓаат имаат своја цел. Не откажувајте се. Секогаш направете простор за нови личности, затоа што никогаш не го знаете влијанието што некој може да го направи во вашиот живот.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар