Како да се облечете за интервју и притоа да ја добиете работата од соништата?

Како да се облечете за интервју и притоа да ја добиете работата од соништата?

Се подготвувате за состанок со можните шефови, со новите работодавци и нервозата од момент во момент станува сè поголема, бидејќи не знаете што сè ве очекува, но затоа ние сме овде за малку да ви помогнеме и да ја смириме таа тензија. Можеби не знаеме што ќе ве прашаат и што точно ќе бараат од вас, но знаеме како да ви помогнеме да бидете полни со самодоверба и смиреност. Кај повеќето на тоа влијае начинот на кој изгледаат, односно како се чувствуваат во она што го носат, па затоа ве советуваме што да облечете кога ќе отидете на интервју за работа за да бидете максимално самоуверени.

1-kako-da-se-oblechete-na-intervju-za-rabota-i-pritoa-da-ja-dobiete-rabotata-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

1. Самодовербата секогаш доаѓа од доброто чувство во сопствената кожа. Тоа ќе ви помогне да изгледате елегантно, софистицирано и природно. Нека вашиот избор не бидат превисоки штикли или нападна шминка, ниту пак кратки фустани. Одлично ќе изгледате во миди, црн фустан, заедно со омилените чевли и капут кој е во впечатлива боја, за да ја разбие „монотонијата“ на целата комбинација. Едноставно, но ефективно – токму таков впечаток ќе оставите на прв поглед.

2-kako-da-se-oblechete-na-intervju-za-rabota-i-pritoa-da-ja-dobiete-rabotata-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

2. Никогаш не заборавајте да облечете капут. Дури и кога не се чувствувате природно и опуштено во комбинацијата која сте ја облекле, вашиот омилен капут ќе ви го обезбеди тоа чувство, а освен тоа, добро ќе ви дојде доколку состанокот е некаде надвор. Преку него ставете марама, за да го надополните целиот изглед, но и за полесно да ве запомнат.

3-kako-da-se-oblechete-na-intervju-za-rabota-i-pritoa-da-ja-dobiete-rabotata-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

3. Интервјуто за работа е баш онакво какво што самото име кажува, работно. Па затоа, и вашата комбинација нека биде во таа насока. Секогаш избирајте парчиња облека кои изгледаат сериозно, професионално, но слободно дајте им личен печат. Надополнете ги со занимливи детали кои ги сакате, како што се интересна чанта, некој дискретен накит или пак, чевлите што секогаш ви носат среќа.

4-kako-da-se-oblechete-na-intervju-za-rabota-i-pritoa-da-ja-dobiete-rabotata-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

4. Секако, секогаш постојат исклучоци. Доколку не одите на разговор за работа кој бара строг работен дрес код, тогаш можете малку да си поиграте со модата, што е секако посакувано. Така ќе го покажете вашиот стил, модниот вкус, односно ќе им оставите добар впечаток на работодавците, кои секогаш ќе ве имаат на ум.

5-kako-da-se-oblechete-na-intervju-za-rabota-i-pritoa-da-ja-dobiete-rabotata-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

5. Чевлите, честопати се најважниот дел од целата комбинација. Па затоа, водете сметка да бидете во удобни чевли, бидејќи нема да сакате да имате отечени нозе или болки поради тоа што ве стегаат и ранат. Облечете се едноставно, удобно и со само еден детаљ надополнете го целиот изглед, што ќе биде сосема доволно.

6-kako-da-se-oblechete-na-intervju-za-rabota-i-pritoa-da-ja-dobiete-rabotata-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

6. Кога немате идеја за тоа како би требало да се облечете, како би требало да изгледате воопшто, тогаш најдоброто решение е целосно работна комбинација. Панталоните и сакото заедно со блуза или едноставна кошула, или пак здолниште наместо панталони, ќе направат да изгледате, но и да се чувствувате работно, што луѓето спроти вас ќе го забележат и ќе го ценат.

7-kako-da-se-oblechete-na-intervju-za-rabota-i-pritoa-da-ja-dobiete-rabotata-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

7. Доколку не сакате баш таков едноставен изглед, тогаш секогаш можете да изберете костим кој е со некој интересен дезен, како што е кариран, кој е тренд за оваа сезона, а секогаш целата комбинација можете да ја надополните со детали како што се чанта или помал шешир.

8-kako-da-se-oblechete-na-intervju-za-rabota-i-pritoa-da-ja-dobiete-rabotata-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_

8. За оние похрабрите, советот е да го покажат тоа што се, односно да изберат комбинација која е несекојдневна, но која потполно ги опишува. Иако изгледа како ризик, храброста и поголемата количина на самодоверба која ја имате, секој работодавец брзо ќе ја забележи и ќе посака да ве има како негов соработник.

9=kako-da-se-oblechete-na-intervju-za-rabota-i-pritoa-da-ja-dobiete-rabotata-od-sonishtata-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар