Како да препознаете дали на вашето тело му недостасува магнезиум?

Магнезиумот е директно одговорен за составот на протеините, мастите и јаглехидратите кои овозможуваат флексибилност на коските и помагаат при апсорбирање на калциумот. И покрај тоа што е толку значаен за целиот организам, магнезиумот е најранливиот микроелемент. Покрај сето ова, според здравствените податоци, во последниве 100 години со храната внесуваме сѐ помала количина од овој минерал. Во минатото, само еден оброк ја содржел потребната дневна количина, додека пак денес го има само во мали траги.

Неправилната исхрана (со која во просек дневно внесуваме 175 милиграми магнезиум, додека на телото му се потребни од 300 до 350 милиграми), брзата храна, влијанието на стресот и модерниот начин на живот се дополнителни причинители за намалено внесување магнезиум. Белиот леб и газираните пијалаци кои ги внесуваме секојдневно „страдаат“ од негов недостаток, па на сето ова ако се додаде и отофосфорната киселина, една од најважните состојки на сите газирани пијалаци, па и цигарите и алкохолот, количеството на магнезиум станува уште позагрозено.

Во продолжение следуваат дел од симптомите што го покажуваат неговиот недостаток во вашето тело:

  • Честа склоност кон депресија
  • Вознемиреност и промена на расположение
  • Будење во средина на ноќта со грчеви во потколениците
  • Чувство на суво грло
  • Склоност кон низок крвен притисок со зголемен пулс
  • Анксиозност и страв
  • Ниска толеранција на вирусни и бактериски инфекции

Карактеристично е тоа што во периодот од октомври до април нивото на магнезиум кај повеќето луѓе опаѓа и тоа до критична граница.

Оние кои консумираат производи со додаток на магнезиум лесно ги поднесуваат, затоа што биоорганските соли не го надразнуваат желудникот, а поради најчестото консумирање со витамин Б6, тие продираат до секоја клетка и таму се задржуваат. Овој минерал има способност да го промени витаминот Б6 од неактивна во активна форма, а со тоа успева да се одржи и потребната рамнотежа во организмот.

Магнезиумот во комбинација со витамин Б6 помага да се намалат тегобите при ПМС, а исто така ја намалува и непријатноста во менопаузата и го подобрува функционирањето на нервниот систем и срцето. Па, ви требаат ли уште причини за да почнете почесто да го внесувате овој значаен минерал?

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар