Магнезиум: Зошто токму вам ви е многу потребен?

Магнезиум: Зошто токму вам ви е многу потребен?

Магнезиумот е можеби еден од најпотценетите минерали. Тој сè уште не е популаризиран на некој едноставен начин кој ќе ни овозможи да го памтиме, како што се случува со калиумот и бананите, калциумот и здравјето на коските и натриумот и крвниот притисок. За разлика од сите овие примери, магнезиумот влијае позитивно на многу нешта поврзани со нашето здравје и е толку важен што голем број доктори, нутриционисти и истражувачи веруваат дека тој е можеби најважната хранлива материја за човекот која постои.

Магнезиум: Зошто токму вам ви е многу потребен?

Магнезиумот е клучен за над 300 различни хемиски реакции во вашето тело, вклучувајќи го и одржувањето на вашето ниво на енергија, помагањето да се опуштите и одржувањето на здравјето на вашето срце и крвни садови. За жал, во денешниот модерен свет, недостатокот на магнезиум е можеби еден од најчестите проблеми на луѓето. Бидејќи тој има клучна улога во многу функции на нашето тело и бидејќи изгледа дека нè штити од сериозни состојби кои преовладуваат ширум светот, магнезиумот навистина може да се нарече „чудотворен минерал“.

Зошто токму вас ви е потребен магнезиум?

1. Една од најчестите употреби на магнезиумот е ослободувањето од тврдата столица, сигурно сте го забележале во состојките на различни лаксативи. Тој исто така е и природен блокатор на калциумовите канали, односно голем дел од медицината се користи со додатоци од магнезиум со цел да се намали крвниот притисок до здравото ниво.

2. Често слушаме за важноста на калциумот за коските, но ретко кој говори за клучната улога на магнезиумот при одржувањето на вашите коски здрави. Но, бидејќи многумина земаат калциумови медикаменти без магнезиум, тоа може да доведе до поголема потреба за магнезиум отколку за калциум кај луѓето кои се најранливи за артритис.

3. Магнезиумот е можеби еден од најважните хранливи материи кои помагаат при одржувањето на човековото срце. Тој му помага на срцето да функционира многу подобро. Магнезиумот исто така им помага и на крвните садови, каде што се случуваат поголем дел од срцевите заболувања. Тој исто така и природно го спречува згрутчувањето на крвта, како што ѝ влијае аспиринот, па многу доктори и истражувачи веруваат дека може да помогне и при спречување на срцеви и мозочни удари.

4. Областа во која магнезиумот може да има најголемо влијание е во спречувањето на дијабетес. Научниците покажале дека нивоата на магнезиум се многу ниски кај оние кои страдаат од ова заболување, додека пак, оние кои имаат високо ниво на магнезиум едноставно не развиваат дијабетес.

Како и сите останати минерали во храната, тој мора да биде присутен во почвата каде што самата храна се израснува. Најдобрите извори на магнезиум се зрната, особено сојата, но може да се најде и во триците, бадемите, бразилските ореви, па и во одредени семки, како сусамот и сончогледот. Тој исто така е дел и од какаото во прав, односно од темното чоколадо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар