Како да го спречите печењето на кожата по бричењето?

Ако има нешто кое ве спречува да се бричите секој ден, тоа сигурно е печењето на кожата кое се јавува после тоа. Сепак, бричењето не ги засега само влакната на лицето и на вратот, туку и кожата под нив. За да ја спречите оваа непријатност и на мира да се бричите секој ден, следете ги овие неколку совети од дерматолозите.

Како да го спречите печењето на кожата по бричењето?

Бричете се после топол туш

Топлата вода ја омекнува кожата како и влакната кои се на неа. Тоа ќе спречи бричот да отстранува и мали слоеви кожа.

Убаво нанесете го гелот или пената за бричење

Гелот за бричење е подобар од пената, но ако го нанесете брзо и мрзливо тој нема да даде добар ефект. Нанесете го убаво и полека, со кружни движења, притоа малку масирајќи ја кожата. Тоа треба да трае една до две минути. Знаете како може да се чувствувате ако поминете со бричот на сува кожа.

Сменете го жилетот

Новиот и квалитетен жилет лесно ќе ги сече влакната. Ако почувствувате дека тоа не се случува, значи дека е време да се смени жилетот пред да ви ја уништи кожата на лицето.

Внимавајте на редот

Подебелите влакна бараат повеќе време за да омекнат откако ќе го нанесете гелот за бричење. Затоа прво нанесете го на подебелите влакна, како што се оние од страните на лицето и на вратот, па нагоре кон брадата, а завршете со мустаќите затоа што тоа се најтенките влакна на лицето.

Техника на бричење

Бричењето во насоката во која растат влакната ќе ја заштити кожата од печење. Факт е дека бричењето во спротивна насока обезбедува помазна кожа затоа што така бричот полесно навлегува под кожата, но тоа е причина и за печење после тоа.

Не притискајте премногу

Нема подобро да си избричите ако притиснете посилно, туку само ќе ја изиритирате кожата.

Често мијте го бричот

Мијте го бричот на секои еден до два потези за да ги исчистите влакната кои остануваат на него. Ако не ги отстраните тие ќе го блокираат бричот и тој нема да ги сече туку ќе ги кубе влакната.

Нанесете крем за после бричење

На крај, нанесете и крем за после бричење. Најдете го оној кој најмногу одговара на вашата кожа и кој го спречува печењето после бричење и користете го редовно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар