Експертите советуваат: Најдобрите начини да го заборавите вашиот бивш партнер

По раскинувањето, нормално е да бидете тажни и незадоволни. Но, наместо да ја изразувате нервозата преку различни непристојни начини, постојат многу попродуктивни работи кои можете да ги практикувате за да се справите со ситуацијата. Исто така многу е важно да знаете и да прифатите дека врската може да има сериозно влијание врз вашиот ум и врз вашето тело, па во ред е да се чувствувате збунети и повредени. Всушност, колку повеќе биле сериозни вашите односи со бившиот партнер, толку е поголема веројатноста да добиете криза. Несомнено е дека тоа е тежок период, но сепак, возможно е да продолжите напред и да го поминете. Размислете колку енергија трошите и сфатете дека истата можете да ја пренасочите кон попродуктивни работи. Еве неколку совети кои можете да ги примените за да го заборавите вашиот бивш партнер.

Експертите советуваат: Овие се најдобрите начини да го заборавите вашиот бивш партнер

1. Откажете се целосно од него

Еден од најдобрите и најчесто препорачуваните совети за да го надминете тешкиот период по раскинувањето, е целосно да го отстраните партнерот од вашиот живот, а тоа подразбира бришење и од сите социјални мрежи, затоа што доколку одржувате каква било комуникација и сметате дека можете да бидете некој вид „пријатели“, вие само ќе ја одржувате жива вашата надеж. Најпрво може да ви биде тешко, но живеењето во лажна надеж и верувањето дека еден ден повторно можете да бидете заедно, нема да ви донесе ништо добро и ќе ве спречи да продолжите понатаму.

2. Отидете на терапија

Доколку никогаш порано не сте поминале низ период на раскинување, не би можеле да сфатите колку значајна може да биде терапијата. Без разлика дали тоа ќе биде зборување со професионално лице или пак со вашите најдобри пријатели, ова во значајна мера може да придонесе за да си ја вратите енергијата.

„Постојат повеќе процеси додека заврши една љубовна врска, а со цел да ги задржите здравиот разум и достоинството колку што е можно повеќе, важно е да имате стабилна, професионална поддршка од терапевт. Ако тоа не ви е веднаш достапно, разговарајте со вашите пријатели преку телефон, или пак самите создајте си терапија по свој избор“, вели Лурен Бримсекс, тренер и автор.

3. Сетете се на заедничките лоши моменти

Кога ќе се разделите со личноста за која сте мислеле дека е љубовта на вашиот живот, можете да бидете опседнати со тоа што би можело да се случи доколку работите би биле поинакви, па почнувате да ги гледате нештата какви што не биле, притоа прикажувајќи си го партнерот во подобро светло отколку што навистина е. Наместо тоа, обидете се да се сетите на негативните работи, оние кои ви пречеле и кои биле причината за вашето раскинување. Направете листа од нив и погледнете ја секогаш кога ќе бидете во искушение да му се јавите и да го побарате. Сетете се дека има причина зошто вие сте се разделиле. Иако е полесно да се каже отколку да се направи ова, сепак, размислете за енергијата што ја трошите бесцелно, а можете да ја насочите кон нешто многу подобро.

Експертите советуваат: Овие се најдобрите начини да го заборавите вашиот бивш партнер

4. Грижете се за себе

Раскинувањето ќе ви донесе промени во вашиот живот, па време е да се одлучите да живеете на нов начин, со нови цели. Иако на почетокот може да ви биде тешко, обидете се да се фокусирате само на себе и воспоставете нова, здрава врска со вашата личност. Така, настојувајте да го живеете животот комплетно и поставете си свои цели кои сакате да ги постигнете. Правете работи што ве исполнуваат и што ви се важни и корисни, нешто што ќе направи да се чувствувате подобро, не само моментално, туку и понатаму. Се сеќавате ли на идејата да започнете со некој креативен проект, но немавте време бидејќи бевте фокусирани на вашата врска? Сега е време повторно да се вратите на тоа и да дадете сѐ од себе за да го направите најдобро што можете!

5. Испланирајте некои забавни активности

Многу е важно да не западнете во размислување дека сѐ е безнадежно. Секако, на почетокот ќе бидете тажни, а и повеќето се наоѓале во таква ситуација, но исто така ова е време каде што сте слободни и можете да испланирате некои забавни активности. Почнете да тренирате некој спорт, посетувајте курс за јазици или испланирајте некое патување. На овој начин ќе запознавате нови луѓе и ќе го подобрите своето расположение многу побрзо отколку ако само седите дома, плачете и гледате филмови. Исто така, ако се социјализирате, побрзо можете да добиете покана за нов состанок, што може да биде многу корисно за вашето заздравување.

6. Ако се чувствувате добро, започнете нова врска

Овој совет не одговара за сите, но за некои, новата врска е одличен начин за да заборават некого, а ова го потврдува и едно познато истражување. Имено, во 1993 година во Списанието за социјални и лични односи, една студија покажувала дека почетокот на нова врска веднаш по раскинувањето може да даде позитивни ефекти. Таа покажува дека оваа врска може да биде здрава на долг рок за да го заборавите вашиот бивш партнер и да ја одржувате вашата доверба и среќа. Кога ќе бидете со нова личност, чувствата на љубов, задоволство и поврзаност може да ви донесат нови и свежи перспективи.

Без разлика кој начин ќе го изберете за да преминете преку периодот на раскинувањето, важно е секогаш да настојувате да продолжите понатаму, затоа што вие заслужувате да бидете среќни!


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар