Едноставна техника на руски академик против стареење и болести

Едноставна техника на руски академик против стареење и болести

Познатиот руски авиоконструктор, академикот Александар Александрович Микулин, во историјата е запаметен и по создавањето на единствена техника којашто овозможува долг и исполнет живот.

(1) Едноставна техника на руски академик против стареење и болести

Микулин создал гимнастика, која се состои од едноставни вежби, односно од удирање со петите од под. Оваа техника ефикасно ја подобрува циркулацијата на крвта, го спречува затнувањето на вените и го нормализира крвниот притисок. Исто така, оваа техника го подобрува работењето на мозокот: Од чувството на тежина во главата и болки, не останува ниту трага.

Оваа едноставна гимнастика е особено корисна за луѓето, кои на своите работни места мораат да седат или да стојат подолго време. Исто така, им се препорачува и на оние на кои им е забрането да трчаат или брзо да одат. Неговата метода е многу едноставна – треба да се кренете на прсти, така што петите ќе ви бидат одделени од подот во висина од 1 сантиметар, а потоа треба нагло да се спуштите, чувствувајќи лесен удар, каков што се чувствува при брзо одење или трчање. По 30-тина вежби, кои се изведуваат по една во секунда, следува пауза од 5 до 10 секунди.

Вежбите може да ги практикувате каде било, дома или при на прошетка, по неколку пати во денот. Притоа внимавајте да не ги кревате петите повеќе од 5 сантиметри од подот, затоа што тоа, наместо позитивен ефект, може да доведе до непотребен стрес и замор на стапалата. Според Микулин, овие вежби го одржуваат организмот во добра форма, го одложуваат стареењето, ги исфрлаат оксидансите и се добра превентива против тромбофлебитис, срцев и мозочен удар.

Судејќи по тоа дека овој научник влезе во легендите по своето челично здравје, за кое почнал да се грижи во педесеттите години од животот, откако претрпел срцев удар, нема ништо лошо во тоа да ја испробате оваа едноставна техника и да видите како таа ќе влијае врз вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар