Духовни лекции кои можеме да ги научиме од летото

Циклусот на годишните времиња совршено го прикажува патувањето кое сите го правиме низ животот. Ако ја набљудуваме природата, ќе сфатиме дека таа ни ја покажува духовната работа што треба да ја правиме во различни периоди низ годината. Кога ја собираме енергијата на секоја сезона, ние растеме најмногу што можеме.

duhovni-lekcii-koi-mozheme-da-gi-nauchime-od-letoto-kafepauza.mk

Погледнете ги овие 5 лекции кои ги учиме од природата во текот на летото.

1. Почитувајте го вашиот оган

Огнот е елемент на летото. Моќта на огнот од сонцето ги храни сите растенија додека не дојде есента и периодот за берба. Како и моќното сонце кое го има Земјата, секој од нас има внатрешен оган, сонце во нас кое ги храни нашите соништа и желби. Вашиот внатрешен оган е опасниот, моќниот дел од вас. Дајте си време да го препознаете тој дел и искажете благодарност што го имате, исто како што сте благодарни за сонцето во топлите летни денови.

Прашања кои треба да си ги поставите:
  • Што постигнавте оваа година со помош на вашиот внатрешен оган?
  • Како овој дел од вас се манифестира во вашиот живот?
  • Кои благослови беа разбудени кај вас оваа година од вашиот внатрешен оган?

2. Кога нешто ќе заврши во вашиот живот, пуштете го да си оди

За време на летната рамноденица, ние го славиме доаѓањето на летото, но исто така сме го стигнале и најдолгиот ден во годината. Ова значи дека деновите повторно почнуваат да се намалуваат. Сонцето „пораснало“ најмногу што можело, и сега повторно се „смалува“. Секоја година сонцето нè потсетува на овој прекрасен циклус на ширење, растење и враќање назад. Како и сонцето, постојат моменти кога сте „пораснале“ најмногу што можете за овој циклус. Сега е време да почнете со процесот на пуштање на работите во вашиот живот кои завршиле. Иако можеби е тажно да напуштите партнер, работно место или некои навики, запомнете дека тоа е дел од циклусот.

Прашања кои треба да си ги поставите:
  • Што го достигнало врвот во вашиот живот?
  • За која промена и раст сте возбудени?

3. Спознајте ја и славете ја вашата машка енергија

Летото е сезона на јанг, машката енергија. Оваа енергија нè поттикнува да градиме и да создаваме. Во секој од нас има елементи и на мажественост и на женственост. И двата се важни и неопходни. Општеството настојува машката енергија да ја поврзе со бес и агресија, но таа е исто така и заштитничка енергија. Кога ќе ја насочите вашата машка енергија кон создавање на животот што го сакате, таа станува многу моќна.

Прашања кои треба да си ги поставите:
  • Како машката енергија ве направила посилни оваа година?
  • Која ситуација побарала од вас да бидете моќни и гласни?
  • Што ќе направите ова лето со вашата машка енергија?

4. Најдете рамнотежа помеѓу интензивните летни активности и времето за летна релаксација

Целата машка енергија го прави летото период за интензивни активности. Оваа сезона секогаш е преполнета со планови, проекти, активности и авантури. Повеќето од овие работи се забавни и едвај чекаме да почнат. Но истовремено, нашата душа сака долги, мрзливи часови поминати во одмарање, пиење ладни пијалаци и читање добра книга. Важно е да направите рамнотежа помеѓу овие работи.

Прашања кои треба да си ги поставите:
  • Како планирате да се одморите ова лето? Направете си листа за релаксација која вклучува книги што сакате да ги прочитате, плажи што сакате да ги посетите и места на кои само сакате да лежите во тревата.

5. Бидете вредни, а потоа бидете трпеливи и верувајте

Верувајте во семето што сте го посеале. Верувајте во напорната работа што сте ја извршиле. Вашите соништа и желби ќе „созреат“ кога ќе им дојде време. Универзумот веќе е подготвен да ви даде сè за што сте работеле оваа година. Само треба да бидете трпеливи.

Прашања што треба да си ги поставите:
  • Кои идеи и намери сте ги посадиле за кои верувате дека ова лето ќе созреат?

Погледнете ги и животните лекции кои се учат во 20-тите години.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар