Девојки, секогаш имајте ги на ум: 9 совети за мудар шопинг!

Добриот стил не подразбира дека треба да трошите премногу пари и да ги поседувате сите тренди парчиња. Еве неколку совети благодарение на кои ќе успеете да бидете добро облечени оваа есен, а патем ќе потрошите помалку пари.

2-devojki-sekogash-imajte-gi-na-um-9-soveti-za-mudar-shoping-www.kafepauza.mk_

1. Дознајте кои се вашите најдобри атрибути и на кој начин да ги истакнете

Најсексапилен дел од женското тело не мора да бидат градите, задникот или нозете. Можеби не сте биле свесни за тоа, но клучната коска или зглобовите на рацете се делови од телото кои се сметаат за екстремно женствени. Нагласете ги со добро парче накит или облека.

2. Важно е да го знаете обликот на вашето тело и кои кроеви најдобро му стојат

Парчињата со трапезоиден крој стојат добро на секој облик на тело, ако знаете добро да ги избалансирате пропорциите и притоа да не ја изгубите формата. Исто така, за сантиметар подолго или пократко здолниште или панталони може да направат голема разлика за изгледот на вашата фигура.

3. Добриот кројач е исто така многу важен

Тој може да ги претвори евтините парчиња да изгледаат скапо и како да се скроени за вас. Тој може вашата стара блуза или здолниште да го трансформира во потполно ново тренди парче, како на пример, кроп топ.

4. Правилниот избор на долна облека секогаш може да ја истакне фигурата

Многу дами не знаат колку различни видови долна облека постојат во продажба, а вистинскиот избор на едно такво парче може да ја направи вашата силуета попривлечна.

5. Слоевитото облекување е одлично за премин од сезона во сезона

На пример, може да облечете бела кошула-фустан со дебели црни хулахопки, чизми и преголема јакна и на тој начин ќе ја избалансирате леснотијата на материјалот од фустанот, а како резултат ќе добиете одлична тренди комбинација.

3-devojki-sekogash-imajte-gi-na-um-9-soveti-za-mudar-shoping-www.kafepauza.mk_

6. Поседувајте парче кое одговара на секој облик на тело

Секој треба да поседува барем еден фустан со трапезоиден или со А-крој, бидејќи тие одговараат на секоја фигура. Внимавајте на пропорциите, бидејќи премногу материјал може да ве „преголта“, а вашата фигура да не изгледа привлечно.

7. Немојте да штедите на добро сако или јакна

Тоа се клучни парчиња кои може да ги носите со години и да ги комбинирате на безброј начини, па оваа инвестиција и тоа како се исплатува.

8. При избор на фармерки не ја гледајте цената, туку кројот и материјалот

Евтините фармерки може да изгледаат феноменално доколку знаете да ги изберете идеалниот модел и боја.

9. Запрашајте се дали одредено парче можете да го носите во текот на целата година

Ако не сте сигурни, исфрлете го. Не мислете на парчињата поединечно, туку на колку начини можете да ги комбинирате. Ако одредено парче не можете да го искомбинирате со ништо, најдобро е да го тргнете настрана.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар