Будистичките монаси советуваат: Како да се смирите во само два здива?

Познато е дека монасите се едни од најсмирените луѓе што постојат. Секако дека тука огромно влијание има начинот на живот, но сигурно користат и одредени техники кои им помагаат да го задржат мирот. Следниве вежби ќе ви помогнат да ги смирите нервите. Не треба да правите ништо друго освен да дишете, но најдобро е да не ги повторувате повеќе од 5-10 пати по ред. Прочитајте за што станува збор…

Кое е основното правило на вежбите за дишење што ќе ви помогне да го намалите стресот?

Будистичките монаси советуваат: Како да се смирите во само два здива?

Седнете исправени, затворете ги очите, опуштете се и мислете на позитивни работи.

За брзо намалување на стресот

2-budistichkite-monasi-sovetuvaat-kako-da-se-smirite-vo-samo-dva-zdiva-kafepauza.mk_

Земајте воздух длабоко, но на кратки интервали. Потоа задржете го воздухот 4 секунди и издишувајте бавно и целосно. Почекајте 5 секунди, па вдишете повторно.

За да се опуштите и да го избистрите умот

Будистичките монаси советуваат: Како да се смирите во само два здива?

Ставете ја едната рака на челото, а другата на задниот дел од главата. Тоа ќе ви помогне да ја засилите циркулацијата на крвта во овие делови од главата и на тој начин ќе ја намалите тензијата. Без да ги тргнете рацете, вдишувајте и издишувајте рамномерно, со мали паузи помеѓу вдишувањето и издишувањето.

За да си ги смирите нервите

4-budistichkite-monasi-sovetuvaat-kako-da-se-smirite-vo-samo-dva-zdiva-kafepauza.mk_

Вдишете длабоко и потоа издишете употребувајќи сила низ многу малку отворена уста. Додека издишувате, ослободувајте го воздухот во мали количини, така што ќе го туркате однатре кон надвор.

5-budistichkite-monasi-sovetuvaat-kako-da-se-smirite-vo-samo-dva-zdiva-kafepauza.mk_

Во следната вежба треба вештачки да зевате. Отворете ја устата колку пошироко можете, сѐ додека не почувствувате блага болка во долната вилица и тогаш почнете да вдишувате рамномерно. Би требало да почувствувате како белите дробови ви се полнат со воздух. Задржете го воздухот 2 секунди и потоа внимателно и рамномерно почнете да издишувате.

6-budistichkite-monasi-sovetuvaat-kako-da-se-smirite-vo-samo-dva-zdiva-kafepauza.mk_

Вдишувајте целосно и без да го задржувате воздухот, испуштете го воздухот со отворена уста. Вашите усни треба да формираат круг. Ослободувајте го воздухот постепено. Првиот дел од издишувањето треба да биде најдолг, а при секое наредно издишување треба да испуштате сѐ помалку и помалку воздух. Откако ќе го испуштите целиот воздух, почекајте 5-10 секунди и потоа повторете ја вежбата за дишење.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар