Бидете со некој кој ги прави овие 13 работи за вас

Бидете со некој кој ги прави овие 13 работи за вас

Немојте да се помирувате со врска која не ве прави среќни. Немојте да бидете со партнер кој не ве цени и не ви го нуди она што ви е потребно. Немојте да прифатите врска со личност која не ги прави овие 13 работи за вас.

bidete-so-nekoj-koj-gi-pravi-ovie-13-raboti-za-vas-kafepauza.mk

1. Ја знае важноста на вашето присуство

Одберете го оној кој повеќе ја цени убавината на вашите очи отколку екранот на телефонот. Некој кој прв ви пишува порака. Бидете со некој кој не се плаши да ве држи за рака и кој не чека совршен момент. Некој кој го помни секој детаљ за вас, без разлика колку е мал.

2. Не се плаши од тешкотиите кога станува збор за вас

Бидете со некој кој не е уморен дури и ако треба да вози со часови за да ве види. Бидете со некој кој има трпението долго да бара подарок за вас бидејќи сака да биде совршен. Некој кој ве става на прво место, дури и ако тоа значи дека треба да си го промени распоредот.

3. Го знае значењето на посветувањето

Бидете со некој кој не се плаши да биде со вас, кој не се преправа дека е сингл и на кој не му е потребен резервен план ако не успее со вас. Бидете со личност која е доволно посветена за паметно да ги донесува одлуките.

4. Го вади најдоброто од вас

Бидете со некој кој не ве споредува со други. Кој ви дава комплименти дури и кога не сте средени. Бидете со некој за кого не ви е потребна шминка да го импресионирате, бидејќи тој не сака да ве промени. Најдете личност која го цени секое делче од вас и која ве охрабрува.

5. Носи радост во вашиот живот

Бидете со некој со кого секогаш имате тема за разговор. Некој кој ќе ве насмее и кога ви е тешко. Бидете со некој со кого можете да имате долги разговори каде што не треба да размислувате за што би разговарале следно.

6. Се грижи за вас

Најдете личност која ќе биде со вас и во добро и во зло. Некој кој ќе сака да се грижи за вас кога сте болни и кој ќе сака да знае дали безбедно сте стигнале дома. Бидете со некој кој ќе се грижи за вас дури и кога сте во навистина лоша состојба. Бидете со некој кој нема да се плаши ако работите тргнат на лошо.

7. Сака да ги решите вашите проблеми

Бидете со личност која е доволно зрела да ги сподели и да ги реши проблемите. Личност која не молчи и не ја влошува ситуацијата. Најдете личност која ги знае своите граници и која го почитува вашиот избор дури и во конфликт. Бидете со личност која сака да се прилагоди, личност која има разбирање и не бега од проблеми.

8. Не се плаши да ве прифати пред сите

Бидете со личност која е доволно искрена да ве претстави како партнер пред семејството и пријателите. Личност која сака да ве прегрне само за да им покаже на другите дека сте заедно. Бидете со некој кој ќе се гордее со вас. Некој за кого не сте опција туку вистинскиот избор.

9. Личност која е доследна

Најдете личност која навистина ќе се труди. Некој кој ќе ви помага кога ќе има потреба од тоа. Бидете со некого што мисли за вашите потреби дури и пред неговите. Некој кој ги има на ум вашите сексуални потреби и не се фокусира само на сопственото задоволство.

10. Некој кој е искрен со вас

Бидете со некој кој не се плаши да ги покаже своите емоции, дури и ако тоа значи дека треба да заплаче пред вас. Бидете со некој кој ги искажува своите емоции без страв дека ќе го судите. Некој кој е искрен со вас. Нема тајни, нема скриени вистини.

11. Прави да се чувствувате посебни

Бидете со некој кој прави да се чувствувате како најубавата личност и кој секогаш ви дели комплименти. Дури и кога сте во соба полна со луѓе, тој ве гледа само вас, сака да биде блиску до вас и сака да знаете колку всушност сте му важни.

12. Размислува за иднина со вас

Бидете со некој кој гледа иднина со вас. Некој кој е сериозен и кој сака да се смири со вас. Личност која размислува за брак исто колку и вас. Некој кој сака да го помине остатокот од животот со вас. Бидете со некој кој размислува за иднината исто како и вие.

13. Ве сака

Бидете со некој кој е посветен и сериозен за вашата врска. Некој кој го кажува она што навистина го мисли. Бидете со некој кој прави да се чувствувате како да сте единствената личност за него. Некој кој смета дека животот му е празен без вас.

Погледнете и како да ја пронајдете љубовта што ќе трае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар