7 причини зошто секојдневното седење во тишина е исклучително важно за вас

7 причини зошто секојдневното седење во тишина е исклучително важно за вас

Сите звуци што нè опкружуваат во денешно време, особено оние во големите градови, премногу го стимулираат нашиот мозок и се причина за насобирање стрес, нервоза, анксиозност, депресија… Иако многу константни звуци и „не ги слушаме“, бидејќи сме навикнати на нив, тие негативно делуваат на нашите мозочни клетки кои всушност никогаш не може да се одморат од постојаното бомбардирање со нив. Научниците велат дека седењето во тишина благотворно делува на луѓето и ја поправа штетата што ја прават големата количина звуци. Еве зошто тишината е исклучително важна и зошто треба да одвојувате барем 2 часа во денот за изолација од штетните звуци…

2-7-prichini-zoshto-sedenjeto-vo-tishina-dva-chasa-dnevno-e-vazhno-www.kafepauza.mk_

1. Тишината нè смирува

Кога ќе настапи тишина, мозокот се смирува и почнуваме да се чувствуваме мирно и спокојно. Со забавувањето на мозокот се забавува и нашето дишење. Тишината ни овозможува шанса подобро да се поврземе со самите себе, без ништо друго да го одвлекува нашето внимание.

2. Ги поправа мозочните клетки

Тишината има одличен ефект на мозокот, ги поправа неговите клетки и го подмладува. Процесот на поправка на штетата во клетките започнува после 2 часа поминати во тишина. Тоа пак води кон подобро помнење, поголема толеранција на стрес и чувство на добар одмор. Тишината за нашиот мозок е како здравата храна за нашето тело.

3. Овозможува долгорочно задоволство

Паметните телефони, телевизијата и сличната технологија се всушност нужно зло, бидејќи иако имаат корисна секојдневна функција, тие истовремено и како да ја „цицаат“ душата на човекот. Ако го погледнете секојдневието на поголемиот дел луѓе, ретко ќе пронајдете момент да се будни, а да не се под влијание на некој уред. Луѓето всушност во денешно време сѐ помалку се гледаат, бидејќи очите сѐ повеќе им се приковани за екраните. Иако не е лесно да ги избегнете, обидете се сите тие уреди да ги користите што е можно помалку. Таа навика на вашиот мозок ќе му овозможи одмор, а тоа ќе ви даде чувство на задоволство и исполнетост.

4. Тишината ги подобрува останатите сетила

Со седењето во тишина стануваме посвесни за своето опкружување и успеваме да слушнеме звуци за кои можеби и сме заборавиле дека постојат, како на пример, шумот на ветрот, пеењето на птиците, шушкањето на лисјата, пукањето на гранките… Тишината не го подобрува само слухот, туку и сите останати сетила. Нив бучавата ги блокира, а тишината ги деблокира.

5. Го подобрува нашето внимание

Во тишината мозокот има прилика да се фокусира на нешто без напор и сметање. Тоа е еден вид фокусирање кое во тишината го правиме несвесно – му дозволуваме на нашиот ум да лута од една мисла до друга. Тоа води кон побавно темпо на живот и поволно делува на умот и телото. Концентрацијата се подобрува, помнењето работи подобро и слично.

6. Заради молчењето сме поискрени

Додека седиме во тишина не можеме да побегнеме од длабоките мисли. Тогаш стануваме целосно отворени кон своите чувства, желби, мисли и слично. Луѓето во тишина се гледаат со поразлични очи и стануваат поискрени кон себе, и некои работи им стануваат појасни. Тогаш е полесно да ги лоцирате проблемите и да најдете начин како да ги решите – со ладна глава.

7. Го забавува брзиот ритам на живот

Во денешно време сите како да трчаат и да брзаат некаде. Имаме многу обврски, а малку време. Затоа е исклучително важно да забавите и да го искусите сегашниот момент во целост. Тишината нè смирува и нè забавува, а со самото тоа ни дава можност да се ослободиме од насобраниот стрес. Тишината ни ги отвора очите и всушност ни помага да сфатиме колку е сегашниот момент навистина важен.

Време е да дознаете и зошто тишината може да биде корисна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар