9 необични навики кои ве прават повеќе привлечни

Секогаш кога луѓето сакаат да изгледаат попривлечно, тие помислуваат на променување на фризурата или шминката, но, изгледа начинот на кој другите ве гледаат е многу поинаков отколку физичкиот изглед. Всушност, постојат голем број мали навики кои може да направат луѓето да ве доживуваат попозитивно. Ова не само што ќе ви помогне да го привлечете потенцијалниот партнер, туку исто така ќе им се допаднете и на вашите пријатели, колеги или други личности околу вас. Се разбира, секој го привлекуваат различни нешта, но некои навики се универзални и помагаат другите да се чувствуваат добро. Во продолжение погледнете за што станува збор…

9 необични навики кои ве прават повеќе привлечни

1. Кога го правите првиот чекор

Иако може да ви изгледа застрашувачки да го направите првиот чекор за да го покажете вашиот интерес за некоја личност, покажано е дека тоа може да им биде доста привлечно на другите. Имено, правењето на првиот чекор се смета за особено атрактивна одлика.

2. Говорот на телото

Однесувањето многу влијае на привлечноста. Основните активности, како што е контактот со очите, отворениот говор на телото како и можноста да се вклучите и да се поврзете со другите, ја зголемува вашата привлечност.

3. Носењето црвена облека

Една студија покажала дека мажите повеќе ги привлекуваат жени кои носат црвено, најверојатно бидејќи уште одамна тоа асоцира на статус и моќ.

4. Насмевката

Има причина зошто среќните и шармантни луѓе имаат многу пријатели и љубовници. Среќата се смета за една од најатрактивните работи кај жените. Имено, луѓето се привлечени од позитивните емоции и смирените чувства, а насмевката може да биде знак за пријателство и отвореност.

5. Имитирањето на нечии движења

Иако ова може да ви звучи чудно, сепак, имитирањето нечие однесување може да направи да изгледате попривлечно. Всушност, тоа може да го поттикне чувството на поврзаност со другите.

9 необични навики кои ве прават повеќе привлечни

6. Овулацијата

Вие не можете да ја контролирате овулацијата, но истражувањата покажале дека кога поминувате низ овој период, мажите ве доживуваат како многу попривлечни во однос на другите денови од месецот.

7. Барање возбудувања

Барате љубов? Отидете на некое возбудливо место. Сингл личностите кои имаат навика да прават возбудливи активности најчесто се оценувани од страна на припадниците на спротивниот пол како повеќе привлечни.

8. Јадењето овошје и зеленчук

Јадењето овошје и зеленчук е добро за вашето здравје, но тоа има уште поголемо влијание одошто мислите. Имено, консумирањето здрави производи може да предизвика промени на вашата кожа, кои ќе ви дадат убав сјај и ќе делувате повеќе привлечни.

9. Однесувањето како нечиј родител

Ако сте израснале со родител кој се однесува чудно, понекогаш пронаоѓањето некој кој има исто такво чудно однесување може да биде многу привлечно. Иако понекогаш знаете дека тие однесувања се чудни, доколку се потсетите на детството можете да создадете чувство на удобност и безбедност, што се смета за особено привлечна особина.

Па, сега слободно можете да применувате некои од овие навики, но пред сѐ, не заборавајте да бидете свои и да се однесувате добро кон другите.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар