8 златни правила за снимање домашно секс видео

Размислувате со вашиот партнер малку да си поиграте пред камера? Доколку се впуштите во ваша сопствена секс снимка, без разлика дали вие сте ѕвездата, режисерот или двете, тоа автоматски може да ги направи нештата многу подраматични и потеатрални, дури и доколку ја задржите облеката на вас и одбивате да правите клише „оргазам изрази“ на вашето лице. Но, ако не ги размислите работите добро, може да се најдете во многу лоша и непријатна ситуација, па можеби дури и јавно да бидете засрамени. Токму затоа погледнете ги следниве 8 правила со цел да се заштитите…

8 златни правила за снимање домашно секс видео

1. Направете го тоа само со личност на која можете да ѝ го доверите вашиот живот – Или барем со личност за која сте сигурни дека нема да ја искористи оваа снимка како средство за уцена понатаму во вашиот живот.

2. Имајќи го тоа на ум, вие не би требало да правите секс снимка доколку не ви се допаѓа идејата таа некогаш да заврши онлајн – Едноставно никогаш не можете да знаете што ќе се случи.

3. Вие не мора да изгледате, да звучите или да се однесувате како порно ѕвезда – Токму затоа не се фокусирајте на „дијалогот“ или пак, на тоа како ќе изгледате пред камера. Едноставно опуштете се и дозволете му на вашето тело да ја преземе контролата.

4. Не мора да го вклучите целото ваше тело во снимката – Ниту пак да покажете одредени делови од вашето тело. Обидете се со некој кул агол, како на пример, поглед од горната страна на креветот, или пак, ставете ги во кадар само вашата глава и рамена. Фокусот може дури да биде и само на вашиот израз, звуците и интимноста во тој момент. Или снимајте сè освен вашиот лик.

5. Ако не сте сигурни за одредени делови од вашето тело, слободно прекријте ги со секси облека или други видови материјали – На крајот од краиштата, дури може да се скриете и зад вашиот партнер доколку на тој начин се чувствувате поудобно и послободно.

6. Доколку вашата камера има способност за ноќно снимање, искористете ја оваа можност – Сите несовршености целосно ќе се скријат и ќе создадете интересно и научно фантастично видео. Исто така можете да снимате во целосен мрак, па на тој начин и самите вие ќе бидете многу повеќе опуштени.

7. Скријте ги звуците од креветот со вашата омилена секс песна – Исто како што тоа го прават милиони режисери од Холивуд со своите филмови…

8. За да бидете сигурни, имајте на ум да ги избришете сите докази веднаш по завршувањето на снимањето – Создавањето секс видео е многу повеќе за самиот процес отколку за завршниот резултат. Исто така, тоа може да ја спречи и вашата љубопитна тетка „случајно“ да налета на вашата уметност додека истражува низ камерата на фамилијарен собир.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар