6 видови луѓе кои глумат жртви и како да се справите со нив

Дали често сретнувате луѓе кои постојано се нерасположени и сметаат дека сите се против нив, кога всушност само глумат жртви? Справувањето со овие луѓе може да биде навистина исцрпувачко.

6 видови луѓе кои глумат жртви и како да се справите со нив

Веројатно се прашувате зошто овие луѓе го прават тоа. Имено, постојат 6 видови луѓе кои сакаат да глумат жртви. Целта на речиси сите им е манипулација, помош од другите или однесување кое го научиле уште од младоста. Погледнете кои се типовите луѓе кои глумат жртви и дознајте како да се справите со нив.

1. Луѓе фокусирани само на себе

Луѓето кои си се најважни себеси и кои се фокусирани само на нивните потреби, често ја користат стратегијата глумење жртва. Во моментите кога би требало да одберат некој друг, а не себе, ова однесување им помага да се ослободат од вината бидејќи се многу свесни дека се виновни, без разлика што прават.

Ова однесување ќе предизвика сожалување кај другите, па сите околу нив најверојатно ќе им попуштат. Без проблем ќе ги постигнат своите цели, без да вложат многу труд или енергија.

2. Луѓе зависни од контрола

Некои луѓе мораат да имаат целосна контрола над нивниот живот, без разлика што се случува или кој ќе биде повреден во процесот. Тие го користат жалењето за да се осигурат дека другите ќе постапат онака како што тие замислиле и како што им одговара. Сакаат во целост да ги контролираат резултатите од што и да прават, како и луѓето во нивните животи.

Доколку не можат да дојдат до контрола на друг начин, почнуваат да глумат жртви и да си играат со туѓите чувства, со цел да ги исполнат нивните желби и цели.

3. Луѓе зависни од другите

Луѓето кои се зависни од некој друг, понекогаш не се ни свесни што прават. Ова се случува кога личноста се обидува да ја изгради својата самодоверба преку посилните луѓе во нејзиното опкружување, па постојано ги следи, испрашува и го копира нивното однесување. Глумењето жртва им помага на овие луѓе да се „хранат“ со комплименти од другите, кои на крајот целосно ги исцрпуваат. Кога личноста која глуми или се чувствува како жртва, никогаш не ѝ е доволно од комплименти и зборови за поддршка.

4. Луѓе кои се плашат од гнев

Многу луѓе глумат жртви бидејќи не можат правилно да се справат со нивниот гнев. Во некои случаи тие се плашат од последиците од нивниот гнев, а можеби веќе биле во ситуација кога изгубиле контрола, па не сакат да се повтори тоа.

Во секој случај, менталитетот на жртвата на крајот ја заменува способноста за здраво искажување на гневот и не ѝ дозволува правилно да се справи со чувствата. Не заборавајте, во ред е да бидете гневни, но немојте да го потиснувате тоа чувство. Уште полошо е да се преправате дека сте трајна жртва.

5. Ментално болни луѓе

Луѓето кои страдаат од ментални нарушувања често глумат жртви. Најчесто тоа е поради преплавеност од нивните симптоми.

Кај биполарното нарушување, менталитетот на жртва може да настане после тежок напад на манија поради одбивање на земањето лекови. Наместо да ја прифатат вината што не ги земаат лековите, тие влегуваат во улогата на жртва и сметаат дека другите би требало да ја преземат одговорноста за своите лоши постапки.

Имајте на ум дека никогаш не треба да бидете престроги со луѓето со ментални нарушувања, особено ако не се свесни што прават.

6. Луѓе кои преживеале траума

Иако е сосема нормално да се чувствувате како жртва после некоја животна траума, не е во ред засекогаш да останете во оваа улога. Морате да знаете дека вашата траума ве направила преживувачи, а не жртви до крајот на животот.

Исто како и кај менталните проблеми, и ова е чувствителна тема, па постапувајте навистина внимателно со овие луѓе.

Како да се справите со менталитетот и глумењето жртва?

Доколку глумењето жртва ви станало нормално секојдневно однесување, треба добро да размислите од каде потекнува тоа и што сакате да постигнете. Запрашајте се дали животот навистина не е добар он вас. Ако ова е точно, веројатно си кажувате и други слични нешта за да го оправдате вашето однесување.

Штом еднаш ќе ги идентификувате, многу полесно ќе се справите со лошите карактеристики. Важно е да знаете дека ова однесување само ви штети и вам и на луѓето околу вас. Иако не е лесно, потребно е да почнете со мали чекори и да се ослободите од лошите навики.

Доколку пак некоја ваша блиска личност го прави ова, најдобро е отворено да разговарате со неа и да ѝ помогнете да се справи со проблемот. Можете да ѝ дадете примери за тоа како да се справи со ситуацијата којашто ја плаши, како да ги постигне своите цели или како полесно да издржи во стресните ситуации. Потребно е да ѝ помогнете да ја изгради својата самодоверба, а ова не е воопшто лесно.

Важно е да знаете дека начинот на размислување и доживувањето на светот можете да го промените само вие. Никој нема да го направи тоа за вас. Треба да бидете трпеливи со луѓето кои признале дека имаат проблеми, бидејќи патот што ги чека не е лесен. Тие и нивните блиски треба да бидат свесни дека овој процес бара секојдневна работа и потребно е свесно менување на текот на мислите, нешто што ниту е лесно, ниту краткотрајно.

Погледнете и кои се навиките на мизерните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар