8 совети за да изгледате попривлечно

Суров е фактот дека луѓето кои изгледаат привлечно имаат полесен живот. Привлечноста може да отвори многу врати кои инаку би ви биле затворени, па доколку сакате и вие да го пробате овој начин на живеење, еве што можете да направите за да бидете попривлечни во очите на другите.

8-soveti-za-da-izgledate-poprivlechno-kafepauza.mk

1. Добро држење на телото. Ќе се изненадите колку ова прави да изгледате подобро. Го прави вашиот стомак помал, а вашите гради поголеми. Исто така ќе изгледате полни со самодоверба.

2. Насмевнете се. Среќните луѓе се секогаш попривлечни.

3. Бидете добри. Многу луѓе изгледаат погрди отколку што навистина се бидејќи се непристојни, здодевни или злобни.

4. Одете на фризер и кажете: „Вие сте професионалец, јас не знам што изгледа добро на мене.“ Тие ќе дадат сè од себе и ќе направат вашето лице да изгледа поубаво.

5. Не сте свесни колку се важни веѓите. Ако вашите веѓи се средени и изгледаат убаво, целото ваше лице ќе изгледа многу подобро.

6. Не се обидувајте да копирате нечиј стил. Откријте која облека ви прилега најдобро и носете ја. Ова ќе ви помогне да изгледате удобно и опуштено, а тоа е многу привлечно. Не го носете она што е модерно, тоа ќе направи да изгледате како да немате сопствен вкус.

7. Многу луѓе не сфаќаат колкаво влијание има уредноста и чистота на нивниот изглед. Осигурете се да не мирисате на цигари или како ранец за во теретана. Исто така немојте да се „бањате“ со парфем. Без разлика колку добро изгледате, лошиот мирис го фрла сето тоа во вода.

И ако ништо од ова не функционира…

8. Најпрво мора самите да научите да се сакате и да се чувствувате удобно во вашата кожа, бидејќи во спротивно никој друг нема да ве доживува како привлечна личност.

Погледнете ги и 4-те типови на привлечност.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар