7 правила за жените на кои постојано им се размачкува шминката околу очите

Постојано ви се размачкува шминката околу очите? Тоа можеби нема никаква врска со вашите способности за шминкање, туку со обликот на вашите капаци. Поточно, доколку имате спуштени капаци како холивудската актерка Џенифер Лоренс, тогаш не грижете се, бидејќи постојат правила за шминкање кои ќе ви помогнат секогаш да изгледате беспрекорно.

3-7-pravila-za-zhenite-na-koi-postojano-im-se-razmachkuva-shminkata-okolu-ochite-www.kafepauza.mk_

1. Секогаш користете прајмер за сенка

Заради обликот на капаците, шминката на овој дел од телото е подложна на често размачкување. За да ги спречите дамките, пред нанесување на сенка за очи нанесете прајмер.

2. Држете се до водоотпорни производи

Кога е возможно, користете водоотпорна маскара и други слични производи кои ја намалуваат можноста за размачкување на шминката околу очите.

3. Не ги затворајте очите додека се шминкате

Кога ги шминките очите, многу жени го затвораат капакот за подобро да ги нанесат сенките на него. Жените со спуштени капаци би требало да гледаат право во огледалото за подобро да го видат работ на капакот.

4. Сенчете над капакот

Немојте да ја нанесувате сенката само на долниот дел од капакот, бидејќи шминката нема да се гледа кога вашите очи ќе бидат отворени. Наместо тоа сенчете го просторот над капаците, за шминката да биде видлива во сите ситуации.

5. Шминкајте ја средината на трепките

Немојте да се концентрирате на шминкање на надворешниот и внатрешниот раб на трепките. Напротив, со маскарата истакнете ја средината на трепките и така заокружете го погледот на окото.

6. Не претерувајте со седефасти сенки за очи

Седефастите сенки ја рефлектираат светлината и го нагласуваат просторот на кој се аплицирани. Немојте да претерувате со тоа, туку со нив истакнете ја средината и работ на окото за да привлечете внимание со суптилни светки секојпат кога ќе трепнете.

7. Користете квалитетни четки

За да го спречите размачкувањето на шминката во пределот на окото, користете квалитетни четки за нанесување на шминка. Од голема помош ќе ви биде косо исечена четка за нанесување на сенка за очи која ќе ви даде прецизност при нанесување на сенките.

Надополнете ја вашата природна убавина и постигнете природен и беспрекорен изглед со помош на овие совети,


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар