7 ноќни навики кои ја уништуваат вашата коса без да знаете

7 ноќни навики кои ја уништуваат вашата коса без да знаете

За некои од нас, средувањето на косата значи да поминеме со чешел низ неа пред да излеземе од домот. Други пак се подготвени да се разбудат со часови порано за да ја направат својата фризура. Без разлика на која група припаѓате, знаете колку е косата чувствителна и дека доколку сакате да биде здрава и сјајна, мора да ја негувате дури и додека спиете. Еве што би требало да избегнувате да правите ако сакате убава коса.

1-7-nokjni-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-kosa-a-da-ne-ste-nitu-svesni-za-niv-www.kafepauza.mk_

1. Заминувате на спиење со мокра коса

Вашата коса е најслаба кога е мокра, па одењето на спиење веднаш по бањањето ќе ѝ направи голема штета. Исушете ја барем малку пред да заминете на спиење.

2. Избегнувате да ја чешлате косата

Доколку не ги размрсите јазлите пред да заминете на спиење, тие наредното утро ќе бидат уште повеќе замрсени. Чешлањето на косата е одличен начин да ги распоредите нејзините природни масла по должина на косата.

3. Не ја храните косата

Ако сте тип на личност која наутро се тушира, пред да заминете на спиење ставете маска или масло на краевите на косата, а потоа наутро измијте ја.

2-7-nokjni-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-kosa-a-da-ne-ste-nitu-svesni-za-niv-www.kafepauza.mk_

4. Спиете со лак за коса

Некои лакови за коса драстично ја сушат косата, па би било добро да ги измиете пред да заминете на спиење.

5. Ја оставате косата подигната

Носењето на косата врзана во пунџа или високо опавче во текот на спиењето може исклучително да ја оштети. Пуштете ја косата или исплетете лабави плетенки.

6. Користите ластик или стегач за коса

Ако и понатаму инсистирате за спиење со подигната коса (некои жени едноставно не може да поднесат пуштена коса во текот на спиењето), користете мек стегач. Избегнувајте ги класичните ластици бидејќи ќе ја оштетат вашата коса и изберете некој мек материјал.

3-7-nokjni-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-kosa-a-da-ne-ste-nitu-svesni-za-niv-www.kafepauza.mk_

7. Спиете на памучни перници

Памукот ги впива природните масла од вашата коса и на тој начин ја суши. Наутро честопати се будите со наелектризирана коса. Потрошете малку повеќе пари на сатенска или свилена перница и косата ќе ви биде бескрајно благодарна.

8. Не сакате да инвестирате во нови перници

Доколку не сте подготвени да издвоите пари за сатенска или свилена перница, потрошете ги на сатенска или свилена марама. Спиењето со ваква марама ќе направи вашата коса да ја задржи потребната влажност.

Студеното време исто така ја менува текстурата на косата, па погледнете како да го спречите опаѓањето на косата во есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар