7 начини да го заведете со помош на говорот на телото

Заборавете на вербалниот разговор и пораките, бидејќи говорот на телото е најголемиот херој кога станува збор за љубовни состаноци. Сакате да знаете дали ги испраќате вистинските невербални пораки? Продолжете со читање…

7 начини да го заведете со помош на говорот на телото

1. Смејте се

Сигурно сте го слушнале ова многу пати, но тоа навистина успева. Да кажеме дека сте запознале личност за која сте заинтересирани. Кога ќе се ракувате и ќе го чуете неговото име, токму тогаш треба да се насмевнете. На овој начин ќе му дадете до знаење дека таа насмевка е наменета само за него.

2. Не ги држете рацете вкрстени

Вкрстените раце предизвикуваат во неговите очи да изгледате студено, па токму затоа можете и да го избркате од себе. Науката вели дека можете многу полесно да се справите со одреден проблем доколку стоите со вкрстени раце, но кога станува збор за љубовен состанок, обидете се да не го практикувате тоа. Вие не сакате да му покажете дека сте затворени или незаинтересирани.

3. Следете го правилото на папокот

Погрижете се вашиот папок да е насочен кон личноста која ве привлекува. Кога сте во поголема група луѓе, вашиот папок најчесто е насочен кон онаа личноста која најмногу ја сакате, ѝ верувате или ѝ се восхитувате. Ова важи дури и ако вашата глава е насочена кон друга страна. И покрај тоа што ова е нешто што треба природно да ви доаѓа, сепак имајте го на ум кога разговарате со личност која ви се допаѓа.

4. Допирајте го нежно

Допирот е многу важен кога станува збор за љубовни состаноци. Кога луѓето ќе доживеат интимен допир, нивните срца почнуваат побрзо да чукаат. Ова можеби е премногу за првиот состанок, но е одлична идеја за вториот. Обидувајте се во текот на разговорот нежно и кратко да ја допирате областа помеѓу неговиот зглоб и лакт на раката.

5. Зголемете го контактот со очите

За време на љубовните состаноци, во просек треба 80% од времето да го поминувате гледајќи во вашите очи. Зголемениот контакт со очи е јасен индикатор на привлечност. Токму затоа ако ги комбинирате погледите со допири, тогаш многу брзо ќе го освоите. Доколку сте похрабри, тогаш погледнувајте го и во неговите усни додека тој гледа во вашите очи.

6. Стојте во средината

Доколку сте излезени во бар со пријатели, тогаш обидете се суптилно да го најдете вашето место во средината. На овој начин вие се ставате себеси во рамка, а со тоа и ќе привлечете многу повеќе внимание. Нашите очи природно се фокусираат кон средината на нештата, па токму затоа на овој начин можете побрзо да го привлечете неговото внимание.

7. Внимавајте на држењето на вашето тело

За време на љубовните состаноци вие мора да најдете начин како цело време да го држите вашиот грб исправен. Вие не сакате да изгледате згрбавени во неговите очи. Плус, постојат истражувања кои покажале дека со седењето во свиткана позиција се ослободува и кортизол, кој негативно ќе влијае врз вашиот стрес и анксиозност. Со доброто држење на вашето тело, вие не само што ќе му оставите поголем впечаток, туку истовремено ќе бидете и поопуштени за време на состанокот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар