7 мажи откриваат што навистина сакаат тие за Денот на вљубените

Денот на вљубените, како што сите знаат, е католички празник кога се слават животите на многуте светци кои го носат името Валентин, вклучувајќи го и Свети Валентин од Рим, кој според легендата, тајно ги венчавал војниците на кои им бил забранет бракот. Одличен ден за прослава и молитва, се согласувате?

Секако, ова не е точно бидејќи сите знаеме дека Денот на вљубените е ден за чоколада, секс и ужасно непријатна долна облека. Купувањето подароци за дамата во вашиот живот е лесно, накит, цвеќиња или пријатна вечера и ќе бидете безбедни. Но, што е со мажите? Мажите, познати како полот за кој е најтешко да се избере подарок, преферираат нешто различно од жените. Еве што тие би сакале да добијат од своите љубени.

„Сакам само денот да го поминам заедно со мојата девојка.“

7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубените

Ова е навистина скромно и неодоливо. Но, девојките ќе поминат две недели размислувајќи што да ви подарат, па убаво би било ако им дадете мала помош.

„Не знам, некое вкусно чоколадо. Минатата година добив специјално направени чоколади, при што секоја од нив беше направена со различен бурбон.“

7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубените

Мажите најчесто сакаат скромен подарок во духот на празникот.

„Сакам да одам на состанок со некого. Не ми е важно со кого, но би сакал девојка на која ѝ се допаѓам или која е заинтересирана за мене.“

7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубените

А има ли некој што не би го сакал тоа!? Пријатната атмосфера збогатена со вкусен оброк ќе бидат доволни за убава вечер.

„Што би сакал? Убава вечера и неколку пијачки би биле доволни.“

7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубените

Едно нешто е сигурно и важи за повеќето мажи. Тие лесно се задоволуваат.

„Грамофонска плоча (а тоа веројатно и ќе го добијам, бидејќи мојата девојка не знае да скрие ништо).“

7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубените

Можеби тој нема да се изненади, но убаво е кога партнерката знае што би сакал нејзиниот партнер. Токму затоа и индиректно дајте ѝ до знаење кои се вашите желби за да може да го избере совршениот подарок.

„Вино.“

7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубените

Добар избор. Виното е подарок кој никогаш не излегува од мода.

„Дружба полна со ентузијазам.“

7 мажи откриваат што навистина сакаат мажите за Денот на вљубените

Голема е веројатноста дека под „дружба“ се подразбира секс.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар