7 едноставни начини да заштедите пари за патување

Речиси секој човек сака да патува, но малкумина го прават тоа. Најчестиот изговор се големите трошоци кои доаѓаат со патувањето, како и обврските на работното место. Во реалноста има многу едноставни начини на кои можете да го истражите светот, па дури и да живеете во странство некое време. Сè што ви е потребно е добар план. Во овој план се разбира спаѓа и штедењето пари, а овие 7 методи ќе ви помогнат во тоа.

7-ednostavni-nachini-da-zashtedite-pari-za-patuvanje-kafepauza.mk

1. Намалете ги трошоците

Ако планирате да бидете надвор од државата повеќе од 2 месеци, треба да го подготвите вашиот дом и да ги намалите трошоците кои доаѓаат со него. Исклучувајте ги електричните направи кога не ги користите, трошете помалку вода, исклучете го системот за греење/ладење кога нема потреба од него, исклучувајте ги светилките кога не ви се потребни и на време плаќајте ги сметките за да не создавате дополнителни трошоци. Не само што ќе заштедите пари, туку на овој начин ќе придонесете и за заштита на природата.

2. Елиминирајте ги нездравите навики

За да заштедите пари и да го подобрите вашето здравје пред патувањето, престанете да трошите на нездрави и скапи пијалаци и немојте да јадете по ресторани. Утринското кафе пијте го дома, на работа носете оброк кој сте го подготвиле вие… Ако сакате да заштедите пари за патување отстранете ги сите непотребни (и често нездрави) навики.

3. Откажете се од теретаната

Можеби веќе сте член на некоја теретана и редовно плаќате за тоа, а голема е веројатноста да не ја посетувате редовно. Наместо да плаќате таму, чувајте ги тие пари за патување. Ако сепак сакате да продолжите со физичка активност, можете да џогирате, да вежбате во парк или пак дома да вежбате јога. Се разбира, ако сте редовен посетител на теретаната можеби нема да ви се допаѓа овој совет, но за луѓето кои не се толку активни ова е одличен начин да заштедат.

4. Продајте ги работите кои не ви требаат

Ако планирате да ја напуштите земјата на подолг период, можете да се ослободите од покуќнината и електрониката во домот која веќе не ви е потребна. Наместо да ја фрлате, продадете ја на соседи, пријатели и слично. На овој начин ќе го исчистите вашиот дом од непотребните работи, но и брзо ќе заработите пари за патувањето.

5. Пронајдете некоја хонорарна работа

Ако не можете да најдете нешто дополнително во вашиот град, секогаш можете да побарате на Интернет каде што има безброј веб-сајтови за фриленс работење. Можеби ќе ви биде напорно, но нека ве мотивира патувањето кое ви претстои.

6. Закажете ги авионските карти однапред

Најскапиот дел од патувањето секогаш е авионскиот лет. Но, можете значително да го намалите овој трошок ако го купите билетот многу порано. Ако во моментот немате пари за тоа, можете да користите кредитна картичка (иако е најдобро да ја избегнете оваа опција) или пак да побарате мал заем од пријателите и семејството кој ќе го вратите пред да заминете. Разликата во цените е многу голема кога закажувате неколку месеци однапред.

7. Закажете ги авионските карти во последен момент

Ако поради некоја причина претходниот совет не ви се допаѓа, можете да го закажете летот во последниот момент кога сè друго ви е подготвено за патувањето. Веб-сајтовите како SkyScanner ви нудат информации за слободни места и тоа по најниска цена. Единствено треба да бидете подготвени да тргнете 1-2 денови по купувањето на билетот. Но, ако сте подготвени за истражување, што може да ве сопре?

Погледнете ги и овие совети за поевтино патување низ светот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар