5-те најлесни вежби за загревање кои треба да ги пробате

Пред да започнете со трчање, важно е да ги загреете вашите зглобови и мускули. Ако го прескокнувате загревањето, вие се ставате на ризик од сериозни повреди на мускулите. Дури и ако планирате да вежбате многу кратко време, загревањето е навистина важно. Совршеното загревање трае од 3 до 5 минути и треба да се состои од вежби кои ќе ги работат сите мускулни групи кои ќе ги користите и кои полека ќе го забрзаат ритамот на вашето срце. Погледнете ги следниве 5 едноставни вежби за загревање што можат да ви помогнат пред секоја физичка активност.

1. Скокање јаже

(1)5-te-najlesnii-vezhbi-za-zagrevanje-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mk

Оваа вежба е совршена за загревање. Додека можете да ја користите за целосна кардио рутина, скокањето јаже го подготвува вашето тело за понапорно вежбање. За оваа вежба потребни се координација, издржливост, рамнотежа и сила на коските, а ова значи дека ги вежбате сите мускулни групи. Пред да почнете со користење на јажето, осигурете се дека е со правилната големина за вас. Рачките треба да ги достигнуваат вашите пазуви кога јажето е на земјата под вашите нозе.

2. Исчекори и вртења

(2)5-te-najlesnii-vezhbi-za-zagrevanje-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mk

Можеби ги имате вклучено исчекорите во редовната рутина, но тоа не значи дека треба да ги прескокнете кога се загревате. Оваа вежба е одлична за загревање на вашите нозе, колкови, бутови и стомачните мускули. На нив можете да додадете и вртења кои ќе го подготват вашиот грб за понатамошното вежбање.

3. Замавнување на рацете и нозете

(3)5-te-najlesnii-vezhbi-za-zagrevanje-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mk

Динамичното истегнување е клучно за загревањето. Додека статичното истегнување може да ве повреди кога не сте загреани, динамичното истегнување, или постојаното мрдање на мускулите кои ги истегнувате, се покажало дека ја зголемува вашата флексибилност. Замавнувањето на вашите раце и нозе е одличен начин да ги загреете и да се подготвите за вежбање. Ако не ви е јасно како би изгледало тоа, доволно е да ги раширите рацете и да правите кругови со нив. За замавнување на нозете, доволно е да ја исфрлите ногата напред, а потоа назад колку што можете.

4. Скокови

(4)5-te-najlesnii-vezhbi-za-zagrevanje-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mk

Скоковите се едни од најефективните вежби за загревање бидејќи ви го забрзуваат срцето, а истовремено ви ги размрдуваат и мускулите на нозете, трупот и рацете. Доволни се само минута или две за да бидете подготвени. За правилен скок, благо свиткајте ги колената и ставете ги нозете на страна, а вашите раце нека бидат испружени, исто така од страна. Кога ќе скокнете ставете ги рацете над главата, и повторете неколку пати. Доколку имате болки во колената, можете да чекорите наместо да скокате.

5. Подигнување на колковите

(5)5-te-najlesnii-vezhbi-za-zagrevanje-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mk

Оваа вежба е одлична за загревање на листовите и на вашиот грб. Исто така е добра за луѓето кои имаат проблеми со колената. Легнете на вашиот грб и свиткајте ги колената под прав агол. Стапалата нека ви бидат разделени колку рамената и целосно поставени на подот, а рацете ставете ги покрај телото. Полека подигнете ги колковите, задржете неколку секунди, па спуштете се.

Погледнете ја и оваа едноставна вежба која ќе го обликува вашето тело за само 28 дена.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар