5 нешта што ја намалуваат привлечноста на мажите

Многупати привлечноста е поврзана со физичкиот изглед, но таа е многу покомплицирана од тоа. Иако изгледот може да игра голема улога, привлечноста не зависи само од ова. Привлечноста вклучува и многу други ваши особини.

5-raboti-koi-ja-namaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mk

Како што постојат ситници кои ве прават попривлечни, постојат и работи кои значително ја намалуваат вашата привлечност. Погледнете дел од нив…

1. Пасивни сте

(1)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mk

Најлошото нешто што можете да го направите кога станува збор за привлечноста е…. ништо. Најчестиот проблем е кога сакате некој, но никогаш не правите нешто за тоа. Сигурно имате бројни причини зошто не ги кажувате вашите чувства, но фактот дека не правите ништо останува и вам не ви е јасно зошто личноста што ја сакате не ве забележува. Можеби се плашите од одбивање, и полесно ви е да живеете во фантазијата дека ќе се случи некое чудо, но ова понекогаш изгледа патетично. Никој не го сака момчето кое не прави ништо. Вие само се жалите за ситуацијата без да воопшто да преземете нешто. Ако сте заинтересирани за некој и сакате да почнете нешто, треба да го направите првиот чекор.

2. Лош мирис

(2)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mk

Ова веројатно и не треба да ви го кажуваме, но сепак постојат мажи кои ја запоставуваат личната хигиена. Мирисот е многу моќно сетило, поврзано е со меморијата и со емоционалниот одговор. Мирисот може да игра голема улога во одлуката на некој дали ќе биде со вас. Но овде не станува збор само за лошиот мирис. Дури и мажите кои мирисаат како да се „избањале“ со парфемот стануваат многу помалку привлечни. Не заборавајте, овде спаѓа и мирисот на вашиот здив.

3. Играте игри

(3)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mk

Една изрека вели „Оној што се грижи помалку ја има моќта.“ Ова е популарно поради мислењето дека ако не ја контролирате врската, жената сигурно ќе ве контролира вас. Многу мажи мислат дека не треба да покажуваат колку ја сакаат партнерката, и дека таа треба да биде личноста која ќе „трча“ по нив. Па вие ја почнувате играта каде што глумите незаинтересирани за врската. Проблемот во овој случај е тоа што вие ја гледате врската како борба за моќ, наместо како можност да се поврзете со некој. Играњето на овие игри само им покажува на луѓето дека вие не сакате врска, туку сакате да контролирате некој. А да бидеме искрени, ова не изгледа добро. Ова е големо непочитување, па личноста која била заинтересирана за вас многу брзо ќе ве тргне од животот.

4. Се обидувате да личите на некој друг

(4)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mk

Колку сте поуникатни кога станува збор за изгледот, толку попривлечно изгледате. Ако се обидувате да изгледате како некој друг со цел да им се допаднете на другите, не правите ништо добро за себе. Можеби ќе мислите дека ова ќе има добро влијание на вашата привлечност, но тоа не сте вие. Запомнете, вие барате врска, не се обидувате да победите во натпревар за убавина. Подобро е да имате 5 луѓе кои навистина го сакаат вашиот изглед, отколку 20 кои мислат дека сте просечно добри.

5. Лошо се однесувате

(5)5-raboti-koi-ja-naaluvaat-privlechnosta-kaj-mazhite-kafepauza.mk

Ова е многу важно. Позитивните чувства кон некого прават да ги гледаме недостатоците во подобро светло, додека негативните прават да ги гледаме полоши од што навистина се. Луѓето кои изгледаат добро многу често се сметаат за посреќни, попаметни и подобри луѓе. Но, „лошите момци“ повеќе се трудат околу нивниот изглед, па затоа можеме да помислиме дека тие се подобри. Но, изгледот не е единственото нешто кое игра улога овде. Всушност, и вашето однесување може да го промени начинот на кој ве гледаат другите. Вашето однесување има многу поголемо влијание од изгледот, па затоа овде важи: Колку повеќе запознавате некој, толку попривлечно ќе ви изгледа. Освен ако немате лошо однесување. Тогаш вие ги убедувате луѓето дека воопшто не сте привлечни. Кога ќе запознаете некој кој е негативен или кој ве потценува, многу е веројатно сè во врска со него да ви изгледа негативно.

Ако сакате да бидете попривлечни, треба да научите како да бидете позитивни. Колку подобро луѓето ќе се чувствуваат во ваша близина, толку попривлечно ќе им изгледате. Дури и луѓето кои сметале дека сте совршени може да го сменат мислењето доколку лошо се однесувате со нив.

Од друга страна, погледнете ги и нештата кои ги прават мажите неодоливо привлечни.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар