Нешта кои ги прават мажите неодоливо привлечни

Нешта кои ги прават мажите неодоливо привлечни

Ги сакаме и ги мразиме во исто време. Се буниме дека сите се исти, дека постојано ги прават истите глупости, а посебно нè вадат од кожа кога сфаќаме дека половина час сме збореле и збореле, а тие немаат сфатено ни два збора од тоа што сме го кажале. Но факт е дека без нив не сакаме. Вистинските мажи прават да се чувствуваме убаво и сигурно, а која жена не би сакала да се чувствува така? Иако ние жените имаме различен вкус кога станува збор за типови на мажи, сепак постојат одредени особини, физички и психички, кои ни се привлечни на сите.

(2)-neshta-koi-gi-pravat-mazhite-neodolivo-privlechni-kafepauza.mk

Физички особини

1. Симетрија на лицето

Истражувањата покажале дека една од највпечатливите работи во поглед на физичкиот изглед е симетријата на лицето. Таа означува добро здравје и добри гени, а ги прави мажите многу привлечни.

2. Длабок глас

Дефинитивно една од најатрактивните карактеристики кај мажот е неговиот глас. Длабокиот и смирен звук ги прави неверојатно секси и авторитативни, па тој глас жените ќе го запомнат со сигурност.

3. Очи

Длабок и сконцентриран поглед кој прави да се чувствувате како најпосакуваната жена на светот. А кога станува збор за самото око, колку е потемен и поизострен лумбалниот прстен (кругот околу зеницата), толку е погледот подефиниран, а мажот попривлечен. Прстенот означува младост и здравје.

4. Висина

Околу метар и осумдесет е неверојатно привлечна висина нели? А може и повеќе. Според бројни истражувања, повисоките мажи имаат поголеми шанси кај жените.

Психички и карактерни особини

1. Страст

Жените буквално паѓаат на оваа особина кај мажите. Страст во тоа што го прават, што го сакаат, страст кон личноста која ја сакаат и посакуваат. Жените ги возбудува помислата на маж кој не стои во место, туку постојано се обидува да извлече нешто повеќе од животот. Тоа се мажи кои имаат цел, знаат каде одат и се сигурни во себе да го постигнат тоа. Тие се исполнети и задоволни со себе, а најважно од сѐ е што знаат како да го изразат тоа. Мажите кои се водени од страста во животот се големи ентузијасти и луѓе кои не се откажуваат, а тоа ги прави неодоливо привлечни.

2. Самодоверба

Ужасно привлечен маж е маж оној кој знае што сака и како да го добие тоа. Самодовербата е универзално атрактивна особина кога станува збор за машкиот пол. Иако често знае да премине во ароганција и себичност, сѐ што е во дозволените граници е само попримамливо. Тој маж верува во себе и во своите способности и знае точно кој е и што е. Тој се бори за тоа што го има и не бега при првите знаци на неволја. А таков маж е како магнет за секоја жена.

(3)-neshta-koi-gi-pravat-mazhite-neodolivo-privlechni-kafepauza.mk

3. Почит

Маж со манири и однесување, кој ве почитува како жена и личност со свој став и погледи. Маж кој ве почитува во секоја смисла на зборот прави да го посакувате не само физички, туку на секој можен начин. Тој е привлечен во секоја смисла на зборот затоа што ве цени, ве слуша и делува како навистина да разбира што зборувате. Го цени вашето мислење, а нема ништо попривлечно од тоа.

4. Интелектуалност

Ние ги сакаме паметните и способни мажи. Ниедна жена не може да поднесе маж кој, не само што не се разбира од ништо, туку и нема свое мислење. Постои изрека која вели дека нема ништо попривлечно од добар разговор. А маж кој знае што зборува дефинитивно спаѓа таму. Ви влева доза сигурност и желба да бидете со него. Тој е човек кој знае дека учењето никогаш не завршува и секој ден носи нова лекција со себе кој тој со полно срце ја прифаќа. Тој е личност со страст и амбиција. Неодоливо.

(4)-neshta-koi-gi-pravat-mazhite-neodolivo-privlechni-kafepauza.mk

5. Смисла за хумор

Ако може да ве насмее, тогаш ве освојува од прва. Она што ќе ја восхити секоја жена е способноста на мажот да ја разведри, а не секој маж го може тоа. Некои колку и да се обидуваат едноставно не можат да го предизвикаат тоа чувство на возбуда кое се јавува кај женското откако ќе слушне добра шега или, уште повеќе, шега на своја сметка која мажите многу ретко ја прават. Хуморот е многу важен дел од секојдневието, а мажот кој ќе успее да ве насмее дури и кога сте многу тажни, е маж кој ја добива заслужената шанса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар