4 вежби од позитивната психологија кои ќе го подобрат вашето расположение

Секој од нас бил во ситуација кога „темниот облак“ постојано нè следел. И што и да направиме, негативноста не сака да си замине. Иако не можеме да ја замениме стручната помош која им е потребна на луѓето кои секојдневно се справуваат со ова, сепак постои начин да се чувствувате барем малку подобро во овие периоди. Во тоа ќе ви помогнат следниве вежби.

4-vezhbi-od-pozitivnata-psihologija-koi-kje-go-podobrat-vasheto-raspolozhenie-kafepauza.mk

1. Привлечете му го вниманието на вашиот мозок

Можеби ќе ве изненади, но мозокот баш и не е од помош кога треба да ви го подобри расположението. Ако чувствувате срам или вина, вашиот мозок можеби се обидува да го активира центарот за награда. И покрај нивната разлика, чувствата како гордост, срам и вина активираат ист дел од мозокот, делот за награда. Ова објаснува зошто е толку лесно сами да си наметнуваме вина. Ова може да се случи и ако престанете да се грижите. Па, што можете да направите за да го избегнете ова? Најдобро е да се прашате „За што сум благодарен/на?“ Еден од најмоќните ефекти на благодарноста е зголемување на лачењето на серотонинот. Кога размислувате за работи за кои сте благодарни, вие сте „присилени“ да се фокусирате на позитивните аспекти од вашиот живот.

2. Обележете ги вашите емоции

Ако се чувствувате лошо, обидете се да бидете специфични. Зошто се чувствувате лошо? Што точно чувствувате? Истражувањата покажале дека со самото обележување на вашите емоции, вие ќе можете да ги „отстраните“. За да ја намалите тагата искористете само неколку зборови за да ја опишете емоцијата, а тоа ќе помогне да го намалите нејзиниот интензитет.

3. Не сте совршени, никој од нас не е

Најчеста причина за грижа и анксиозност е чувството дека не сме совршени. Клучно во оваа ситуација е да ја заборавите совршеноста и да прифатите дека вие сте доволно добри. Кога се обидувате да бидете најдобри, вие внесувате премногу емоции во процесот на донесување одлуки. Од друга страна, кога ќе се стремите да станете доволно добри, вие ќе чувствувате дека имате поголема контрола над настаните. Донесувањето одлуки вклучува создавање намери и поставување цели, а овие три работи ја намалуваат грижата и анксиозноста. Донесувањето одлуки го менува вашиот поглед кон светот, ви помага да најдете решение за вашите проблеми и ве смирува.

4. Моќта на допирот

Прегратката, особено долгата, предизвикува лачење на хормонот окситоцин, а тој ја намалува реактивноста на амигдалата. На овој начин вие се чувствувате подобро. Држењето за рака, допирот на грб и ракувањето имаат ист ефект. Во едно истражување испитаниците ја држеле раката на нивните партнери. Кај нив се забележало намалено ниво на анксиозност додека го чекале електричниот шок од научниците. Со ова се намалило чувството за болка, а и самите грижи.

Погледнете го и овој психолошки метод кој ќе ви помогне да се справите со негативните мисли.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар