4 техники за флерт со чија помош ќе го привлечете вниманието на секој маж

Кога станува збор за флерт, некои жени едноставно имаат вродена способност да покажат сè што сакаат и да го привлечат вниманието на секој маж. Од друга страна пак, некои имаат потешкотии во оваа област и едноставно не забележуваат резултати од својот труд. Па, доколку сакате да ја подобрите вашата игра за освојување, погледнете ги следниве 4 техники со кои веднаш ќе му го привлечете вниманието. Со среќа!

4 техники за флерт со чија помош ќе го привлечете вниманието на секој маж

1. Дајте му комплимент

Можеби на прв поглед ви звучи како евтин трик, но со комплиментите никогаш не можете да згрешите. Секако, не треба да биде нешто бесмислено, туку пофалба што ќе му остане во добро сеќавање и понатаму во животот. Пофалете го неговиот успех, техниката за танцување или смислата за хумор – комплиментите за физичкиот изглед веќе го немаат истиот ефект како порано.

2. Користете го своето тело

Начинот на кој стоите покрај него има моќ да го поттикне со денови да не може да ве извади од својата глава. Не зборуваме за нешто вулгарно, само за фактот дека мажите „паѓаат“ на жени што добро се чувствуваат во своето тело. Покажете ја својата висока самодоверба преку начинот на кој се движите и тој нема да може да ви одолее.

3. Пофалете се за постигнувањата

На некои жени ова би можело да им биде тешко, бидејќи фалењето отсекогаш повеќе бил машки стил на флертување, но слободно обидете се. Не велиме да ги наброите сите работи што сте ги постигнале во вашиот живот или пак, од мравка да направите слон, но ако имате нешто на што навистина се гордеете, покажете го тоа! Скромноста е врлина, но да бидеме реални, никој наредниот ден не ги помни скромните, невидливи девојки.

4. Бидете директни

За жал, мажите се малку будалести кога станува збор за читање знаци. Иако ние понекогаш мислиме дека јасно им даваме до знаење што ни се допаѓа, а што не, ретко кога тие ги регистрираат овие знаци. Ако некој ви се допаѓа, едноставно кажете му го тоа директно. Во спротивно, вие ќе мечтаете за него, а тој воопшто нема да знае што се случува во вашата глава.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар