3 работи за привременото отсуство на менструацијата кои треба да ги знаете

Аменореја, или привремено отсуство на менструацијата, е појава пред пубертетот или по менопаузата, во бременоста или за време на доење. Кај жените кои се во својата репродуктивна фаза, а не се бремени, отсуството на менструација се јавува во 3% до 4% од случаите.

3 работи за привременото отсуство на менструацијата кои треба да ги знаете

Постојат примарна и секундарна аменореја

Примарната аменореја е ретка (0,1%) и најчесто е резултат на генетски или анатомски абнормалности. Ова значи дека жената никогаш немала, ниту пак може да има менструација. Во некои случаи со помош на лекување може да се врати менструалниот циклус.

Секундарната аменореја претставува отсуство на менструацијата во траење од 3 циклуси, или во траење од вкупно 6 календарски месеци. Ако се елиминира можноста за бременост, најчестите причини за секундарна аменореја се нарушување на функцијата на јајниците, нарушување на функцијата на хипоталамусот, нарушување на функцијата на хипофизата и најретко, нарушување на структурата на матката.

Менструалниот циклус е многу комплексен. За жената постојано да има менструација потребно е сите анатомски структури да функционираат нормално. За нормален менструален циклус важна е функцијата и на ендокрините жлезди. Сепак, постојат 3 важни работи кои треба да ги знаете за предвременото отсуство на менструација.

1. Нарушувањето на менструалниот циклус е често

Најчесто станува збор за кратко отсуство на менструацијата на кое често му претходи отсуството на овулација. Но, потребно е да обрнете внимание на оваа појава ако е придружена и со други симптоми како болка, дебелина, слабеење, растење влакна, акни и слично.

2. Привременото отсуство на менструација често не е сериозно

Иако оваа појава најчесто не е нешто сериозно, може да биде знак за цисти во јајниците, но и за некои посериозни болести. Ако станува збор за кратко отсуство поради отсуство на овулација, состојбата се лекува со гестагени со цел да се предизвика редовно менструално крвавење. Кај жените со болести на тироидните жлезди правилната терапија ќе го стабилизира менструалниот циклус. Кај жените кои имаат полицистични јајници, покрај отсуството на менструација се појавуваат и други симптоми, а лекувањето најчесто зависи од пациентката.

3. Отсуството на менструација во младоста најчесто е без последици

Обично појавата е без последици, но ако станува збор за посериозно ендокрино нарушување со намалено производство на естроген, последиците може да бидат задоцнет развој на репродуктивните органи, но можат да се јават последици и на сите ткива на кои влијае естрогенот, како што се дојките и косата.

Кај жените кои не овулираат, а поради тоа немаат и менструација, естрогенот предизвикува здебелување на слузницата на матката, а ова може да предизвика многу обилно крвавење. Овие промени може да му претходат и на ракот.

Погледнете и кои се менструалните проблеми кои не смеете да ги игнорирате.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар