Како се однесуваат хороскопските знаци заглавени во лифт?

Како се однесуваат хороскопските знаци заглавени во лифт?

Замислете дека во една зграда живеат сите хороскопски знаци. Еден ден, сите тие се качуваат во лифтот со намера секој да си ги оствари замислените планови. Но, лифтот одеднаш се заглавува. Што се случува во лифтот и како реагираат хороскопските знаци, прочитајте во продолжение:

Како се однесуваат хороскопските знаци заглавени во лифт

Рак: Што се случи?!

Близнаци: Опааа, се заглавивме!

Лав: Ма ајде комшија, што зборувате!? Сигурно случајно застана.

Девица: Лелеее, зошто баш сега!

Овен: Да видиме што е работата. (Ги притиска копчињата.)

Скорпија: Еј, комшија, па немојте толку силно!

Овен: А што? Мислите дека е подобро да седиме и да чекаме?

Вага: Комшија, смирете се! Не е сега време за кавга!

Девица: А тоа што сме заглавени, никому ништо, нели?! Знаете колку работа ме чека мене?

Јарец: Сите ние имаме некакви обврски, но наместо да дигаме паника, ајде да го направиме она што треба да се направи.

Водолија: Така е. Мора да постои дежурен мајстор. Комшија, ве молам притиснете го црвеното копче.

Близнаци: Секако. Не реагира. Ќе биде забавно!

Риби: Види го ти него! Нему дури и забавно му е!

Стрелец: Зошто пак да не? Сигурно нема само да се жалиме?

Лав: Слушнете ме добро! Како прво, дали некој од вас има некаков алат?

Водолија: Јас, но сè уште не можам да видам што е најдобро да се направи.

Бик: Јас не би експериментирал со тие работи. Ова е лифт, а ние сме 100 метри над земја.

Овен: А мислите цела ноќ да седиме овде? Ако не сака со добро, тогаш мора да употребиме сила. (Започнува да ја шутира вратата.)

Вага: Комшија, смирете се! Не смеете да го правите тоа, опасно е!

Скорпија: Ама пуштете го! Зар не гледате дека му фали некоја даска во главата.

Овен: Слушај ваму, идиоту! Доколку сакаш да разговараш со мене, треба да се однесуваш како спрема попаметен од тебе.

Скорпија: Со тебе можам да зборувам и на еден посебен начин, а доколку сакаш, можам да го направам тоа и овде во лифтов.

Лав: Господа, не дозволувам вакво однесување! Јас ја преземам работата во свои раце, и сакам сите добро да ме слушате. Прво, смирете се!

Рак: Како да се смириме? Веќе пола час стоиме овде беспомошни.

Девица: Така е! Воопшто не сме свесни што може да ни се случи.

Скорпија: Правете што сакате, јас не можам повеќе да издржам. Морам да запалам цигара.

Рак: Лелеее, само тоа не! Ќе се задушиме човеку!

Девица: Побарајте отвор за вентилација, овде веќе не се дише!

Овен: Пуштете ме уште еднаш да пробам да ја отворам вратата!

Сите освен Стрелецот: Не!

Стрелец: Јас се согласувам со комшијата Овен. Доколку ја разбиеме вратата од лифтот ќе можеме да се спуштиме еден спрат подолу и да излеземе.

Јарец: Немојте, комшија! Тоа не доаѓа предвид.

Риби: Така е. Кој знае што сè може да ни се случи додека се спуштаме. Некој би можел да падне од лифтот.

Вага: Комшија што мислите вие за ова?

Бик: Мене ме прашувате?

Вага: Да, гледам дека стоите мртов ладен.

Бик: Мене ништо не ме прашувајте. Сега е време за ручек (вади сендвич). Кога ќе се најадам, тогаш ќе размислувам за лифтот.

Лав: Не е можно! Зарем сега сте гладни?

Бик: Кога сум гладен, јас сум нервозен, и тогаш не можам да размислувам за тешки ситуации.

Близнаци: Што се секирате луѓе? Имам карти за играње, можеме да одиграме една партија. Да поделам?

Рак: Вие не сте нормален!

Јарец: Комшија, бидејќи го средивте сендвичот, а рековте дека имате решение, па да слушнам.

Бик: Решението е едноставно, ќе чекаме додека не дојде струја. (Лифтот почнува да се тресе.)

Рак, Девица и Риби: Лелее, што е ова?

Близнаци и Стрелец: Започнува вистинската забава!

Водолија: На нашите маки им дојде крајот – дојде струја.

Стрелец: Е па, сега можеме да излеземе од лифтов и да појдеме кај мене на кафе. Ова мора да се прослави.

Прочитајте го и овој урнебесен хороскоп што ќе ве насмее до солзи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар